Свет
Лула да Силва: Трамп не е светски лидер, нека си ја гледа својата работа

Поранешниот претседател на Бразил Луис Инасио Лула да Силва му порача на американскиот претседател Доналд Трамп да си ја гледа својата работа.
Тој исто така изрази солидарност со левичарските влади во регионот. Лула во петокот доби бројни пораки за поддршка од сегашни и поранешни латиноамерикански левичарски лидери.
Да Силва беше затворен од април минатата година и ослободен по одлука на Врховниот суд. Кога излезе од затвор одржа говор пред неколку стотици членови на синдикатите на работниците во металургијата во Сао Бернардо дел Кампо.
Тој порача дека е нормално да има критичари, но народот на некои земји треба да ги решава своите проблеми. Тој го критикуваше Трамп, со кого сегашниот претседател на Бразил, Болсонаро, дели многу политички и идеолошки ставови.
„Трамп да си ги решава проблемите во САД и да не им смета на Латиноамериканците, никој не го избра за светски лидер“ порача Да Силва.
Тој стана познат како синдикален лидер токму во Сао Бернардо, а таму се предаде на полицијата на 7 април 2018 година за да почне да ја служи затворската казна за корупција. Некогашниот шеф на државата тврди дека не е виновен и дека процесот против него бил политички и монтиран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди индонезискиот остров Сулавеси

Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди индонезискиот остров Сулавеси, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика на Индонезија.
Од Агенцијата нагласија дека нема опасност од цунами.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, и се случил на длабочина од 109 километри.
Регион
Денес се одбележуваат 45 години од смртта на претседателот на СФР Југославија, Јосип Броз Тито

Пред 45 години на денешен ден, на 4 мај 1980 година, почина Јосип Броз Тито (88), претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) и на Сојузот на комунисти на Југославија (СКЈ), врховен командант на вооружените сили на Југословенската народна армија (ЈНА) и еден од основачите на Движењето на неврзаните.
Тито е роден во Кумровец, место на словенечко-хрватската граница, во мај 1892 година, а 25 мај е означен како датум на неговото раѓање, кој е прогласен за Ден на младоста и за време на кој штафетна екипа дошла во Белград, на стадионот на ЈНА, и привремено ја обиколувала цела Југославија.
Тој беше на чело на федералната држава, составена од шест републики, помалку од 35 години, од ослободувањето на земјата по Втората светска војна во 1945 година, па сè до неговата смрт.
Тој ја изведе Југославија од Источниот (советскиот) блок и спроведе реформи, по што опустошената и сиромашна земја стана средно развиена, со современ образовен и социјален систем.
Тито почина на 4 мај 1980 година, во 15:05 часот, во Клиничкиот центар во Љубљана, по компликации од ампутација на ногата и други акумулирани здравствени проблеми.
Денес, на годишнината од неговата смрт, Музејот на Југославија ќе биде отворен од 10 до 18 часот, а влезот ќе биде бесплатен за посетителите.
Регион
Состојба на Вучиќ е стабилна, порача дека нема да се предаде и дека ќе продолжи да работи

Првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за финансии Синиша Мали изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ попладнето ја напуштил Воено-медицинската академија (ВМА) и дека негова желба била да ѝ ги пренесе на српската јавност своите зборови дека му е подобро.
Мали изјави дека разговарал со Вучиќ и дека им порачал на граѓаните дека нема да се предаде и дека ќе продолжи да работи.
„Тој е силен човек, тоа е важно за граѓаните на Србија, ми рече дека е подобро. Еден ден, два, три му беше наредено да лежи, да се одмора, што е проблем само по себе, како што знаете, но овој пат ќе биде дисциплиниран. И се надевам на негово брзо закрепнување“, рече Мали.
Претходно началникот на управата за воено здравство, кардиологот Драган Динчиќ изјави дека здравствената состојба на Вучиќ моментално е стабилна и задоволителна и дека не е реално да се врати на редовните активности во следните неколку дена.
Тој рече дека за време на престојот во САД, претседателот Вучиќ почувствувал силна болка во градите што траела неколку секунди, и дека тоа не се согласувало со сведоштвото на другите кои биле во истата просторија со него.
„Испил дополнителна терапија и по 45 минути, кога го измерил крвниот притисок, тој бил 165 со 98, што значи дека пред терапијата, притисокот бил повисок. Лекарите од Америка направиле сè и тој решил да се врати во земјата и покрај противењето на лекарите“, додаде Динчиќ.