Вести
Идентификувана првата жртва од летот МН17, во Холандија донесени и последните останки

Експертите по судска медицина го идентификувале првото телот од 298-те жртви од трагедијата на малезискиот патнички авион на 17-ти јули во источна Украина, а истовремено на аеродромот во Ајндховен беа транспортирани и последните останки на жртвите кои беа чувани во украински Харков.
„Денеска беше идентификувана првата жртва од летот МН17. Станува збор за државјанин на Холандија, семејството на жртвата и градоначалникот на градот од кој потекнува, се информирани“, го цитира агенцијата AFP соопштението на холандското министерство за правосудство.Идентитетот, како и полот на жртвата, не се соопштени, истакнува AFP.„Група од 200 експерти се вклучени во идентификацијата на жртвите од трагедијата до 17-ти јули над контролираната од бунтовниците (територија на) Украина , но се предупредува дека процесот може да потрае неколку месеци, додека сите жртви не бидат идентификувани“, се додава во соопштението на министерството. Министерството за внатрешни работи во Украина претходно во саботата потврди дека лабораторијата за идентификација на останките на жртвите од урнатиот малезиски авион ќе биде демонтирана во Харков, каде што беа пренесени со специјални вагони фрижидери од селото Торез во близина на местото на падот кое е под контролата на проруските бунтовници.Во меѓувреме во саботата навечер со два воени транспортера, на холандските и австралиските воздухопловни сили, на аеродромот во Ајндховен беа пренесени последните 38 ковчези со останките ода жртвите од урнатиот „Boeing 777“ на летот од Амстердам до Куала Лумпур, По вообичаената процедура со воени почести во присуство на роднините и членови на владата на Холандија, погребната поворка замина за воената база во која повеќе од 200 форензичари од целиот свет ги идентификуваат останките. Во моментов во Холандија се наоѓаат 227 тела на жртвите од трагедијата, коишто беа пронајдени од проруските бунтовници на местото на падот и испратени во Харков. Претходните денови беше соопштено дека челниците на самопрогласената Народна Република Донецк, на чија територија се урна авионот и малезиската влада потпишале документ за преземањето на 282 тела, но Холандија тврди дека нејзините претставници во Харков примиле само 227 тела и 16 фрагменти од тела. И во саботата продолжи пребарувањето на местото на несреќата во кое учествуваат и двајца холандски истражители./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.