Регион
„Газета експрес“: Снимките на ИСИС се монтираат во Косово, на една е и убиениот водач Ал-Багдади

Четворица Албанци – Беко Идризи, Беким Фидани, Илбер Бела и Фатон Иваја, кои се борат за Исламската држава (ИД), избегале од затворот во источна Сирија и повторно се активни, што може да се види во неколку видеа објавени минатиот месец.
Како што објави приштинскиот весник „Газета експрес“, видеата се титлувани и на албански јазик и на нив се гледа убиениот водач на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади. На една од снимките е прикажан Албанецот Фатон Иваја со тешко вооружување.
На снимките се повикува на жртвување на Божјиот пат, а ИД испраќа заканувачки пораки до Соединетите Американски Држави.
„Газета експрес“ исто така пишува дека овие видеоснимки се монтираат во Косово тврдејќи дека информацијата е потврдена од извори во безбедносните служби. Весникот исто така наведува дека видеопораките на ИД се снимаат некаде на границата меѓу Турција и Сирија.
Експертот за безбедност, Дризан Шала, укажува на потребата институциите за безбедност во Косово да работат повеќе за да ги идентификуваат оние што објавуваат видеа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.