Забава
Како настана Денот на самците во Кина
Денот на самците, исто така познат како празник на двојни единаесетки, 11.11, е празник на луѓето што не се во брак, ден на неприфатените и осамените. Популарен празник кој со време станал најголем празник на онлајн-продажбата.
Постојат повеќе теории за неговото настанување, а широко е прифатена таа дека настанал на Универзитетот во Нанџинг во 1993 година.
Четворица студенти на четврта година секоја вечер се собирале во собите во домот и разговарале за тоа како да пронајдат партнер. Дошле до идеја 11.11 да биде погоден како ден за организирање некои активности, со кои би можеле да одбележат тоа што се самци бидејќи тој датум се содржи од 4 единици, односно четворица самци.
Од тогаш Денот на самците постепено се развива како некој вид забава на кампусот и пошироко од Универзитетот во Нанџинг и на другите универзитети во сите делови на Кина.
Денот на самците сè уште нема утврден начин на славење, ниту стандарден обичај, разни луѓе на разни начини го прославуваат овој ден. Но, активностите со кои се одбележува главно се собири, забави, купувања, состаноци, венчавки и слично.
Од друга страна, пак, за брачните двојки овие четири единици претставуваат единство, односно еден маж – една жена, една двојка – едно семејство и еден живот – еден свет, едно срце – една мисла, со кои овој ден се прославува како празник на верните партнери. Затоа, многумина го избираат овој ден за добивање брачна дозвола. Некои млади луѓе на овој ден ја прославуваат и независноста од родителите.
За сите што слават, многубројни компании, особено оние што се занимаваат со онлајн-трговија, нудат промоции и попусти.
Продавницата на „Алибаба“ – „Тјенмао“, ноќеска на полноќ достигна вредност од речиси 1,43 милијарда долари за само една минута и 36 секунди, што е 29 секунди побргу од минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Тажни се“: родителите на Бред Пит се загрижени дека никогаш повеќе нема да ги видат своите внуци
Родителите на Бред Пит, Вилијам и Џејн, наводно се многу тажни бидејќи осум години немаат никаков контакт со внуците. Тие некогаш беа важен дел од нивниот живот, но поради долготрајната правна битка помеѓу Бред и Анџелина Џоли, нивната врска со внуците е целосно прекината.
Бред и Анџелина имаат шест деца, Шајло (18), близнаците Нокс и Вивиен (16) и три посвоени деца, Медокс (23), Пакс (20) и Захара (19). По нивниот развод, децата повеќе не се во контакт со татко им.
Сега извори откриваат дека Вилијам и Џејн се загрижени оти можеби никогаш повеќе нема да поминат време со своите внуци.
„Родителите на Бред Пит не ги виделе своите сакани внуци околу осум години поради разводот и правната битка меѓу Бред и Анџелина“, изјавил извор за „Дејли мејл“.
Пред да се распадне нивниот брак, Вилијам и Џејн беа голем дел од животот на своите внуци и често беа видени како уживаат во времето заедно.
„Пред разводот поминуваа многу време заедно. Тажно е што веќе не е така. Не само што е тажно што децата не го гледаат својот татко, туку уште потешко е што бабата и дедото немаат контакт со внуците“, тврди извор близок до семејството Пит.
Вилијам (83) и Џејн (84) последен пат беа видени со своите внуци во 2014 година на премиерата на филмот на Анџелина, Unbroken. Во тоа време родителите на актерот зборуваа гордо за Анџелина, а Џејн изјави: „Ние многу се гордееме со Енџи. Ова значи многу за нашето семејство, особено за нашите внуци. Ја сакаме до бескрај“.
Забава
(Видео) Анџелина Џоли објасни зошто нејзините деца водат многу приватен живот
Холивудската актерка Анџелина Џоли (49) гостуваше во популарната емисија „Добро утро, Америко“. Таму таа откри зошто нејзините деца, кои ги посвоила и ги родила за време на врската и бракот со Бред Пит, живеат далеку од очите на јавноста.
„Ниедно од моите деца не сака да биде пред камера во моментот. Тие се прилично повлечени. Не се родени со приватност, нели? Се надевам дека ќе може да ја имаат кога ќе пораснат“, рекла актерката.
Забава
„Се чувствуваше искористено“: поранешната сопруга на Бен Афлек ја ограничи комуникацијата со Џеј Ло
Џенифер Лопез и Бен Афлек неодамна се разведоа по две години брак, а во тешките моменти актерот имаше голема поддршка од својата поранешна сопруга Џенифер Гарнер. Пред самиот развод Гарнер наводно ја презела улогата на некој вид брачен советник помагајќи му не само на Афлек туку и на Лопез да ги надминат своите проблеми.
Сепак, Гарнер одлучи да ја ограничи комуникацијата со Џенифер Лопез исклучиво на ситуации поврзани со нивните деца. Блиски извори тврдат дека за време на процесот на развод се чувствувала искористено и како да е посредник во туѓ брак, што емоционално ја исцрпувало.
Затоа решила да се дистанцира од Лопез и да се фокусира на семејството, пишува „Дејли мејл“.
„Џенифер повеќе не сака да комуницира со Џеј Ло, освен ако не се вклучени децата. Пријателите сметаат дека таа си дозволила премногу да се вклучи во обидот да го спаси нивниот брак, особено затоа што понекогаш се чувствувала како да се натпреварува со Џеј Ло. Гарнер искрено сакаше да помогне, но сега сака да ја ограничи таа улога“, открил извор за „Дејли мејл“.
И покрај дистанцата, Гарнер не кажа ништо негативно за Лопез. Изворите велат дека ако Лопез сака да поминува време со децата на Афлек и Гарнер, со кои е блиска, мора да се справи со Гарнер.