Македонија
Трето издание на планинска трка „Водно – Матка треилс“
Трета година по ред, на крајот од март, планината Водно и кањонот Матка ќе бидат домаќини на трката во планинско трчање „Водно – Матка треилс“ во организација на здружението за спортови во природа „Трекс“ од Скопје.
Спортскиот настан се состои од две трки во планинско трчање, чии маршрути минуваат низ најубавите и најинтересни предели на планината Водно и кањонот Матка. Досега, на претходните две изданија повеќе од 700 натпреварувачи од над 20 држави зедоа учество и искусија една незаборавна авантура под отворено небо.
На третото издание на „Водно – Матка треилс“ ќе може да се избере помеѓу планинска трка на 28 километри и планински маратон на 42 километра, со соодветно искачување од 1.800 и 3.100 висински метри. Почетокот е закажан на 28.3.2020 (сабота), во 7 часот наутро, од месноста Полиција во населбата Водно, а целта – како и досега – е во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на врвот на Водно.
Една од целите на настанот е да го развива планинското трчање во нашиот регион преку ширењето на етичките вредности и придобивките од овој спорт и да го претвори во секојдневна активност на што повеќе домашни спортисти. Истовремено, организаторот цели да привлече учесници од странство, кои ќе уживаат во природните убавините на планината Водно и кањонот Матка со акцент на културно-историското богатство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

