Забава
Девојката на Кијану Ривс ја споредуваат со Хелен Мирен
Дали Кијану Ривс излегува со Хелен Мирен?
Се чини дека ова беше првото прашање во главите на многу луѓе кога 55-годишниот актер се појави во јавност со својата девојка, визуелниот уметник Александра Грант, во Лос Анџелес минатата сабота.
Корисниците на интернет бргу ја забележаа сличноста помеѓу сребренокосата Грант (46) и Мирен, која освои „Оскар“ за најдобра актерка за улогата на кралицата Елизабета Втора во филмот „Кралицата“ (2006), пишува The StraitsTimes.

Mирен (74) на премиерата на новиот филм The Good Liar рече дека воопшто не ѝ пречат споредбите со Грант.
„Ги видов коментарите,“ рече таа. „Тоа ми ласка затоа што таа е прекрасна“.
Мирен, која е во брак со американскиот режисер Тејлор Хакфорд од 1997 година, рече: „Јас многу добро го познавам Кијану. Тој направи филм со мојот сопруг и тој едноставно е најсимпатичната и најпрекрасна личност“.
Таа мислеше на филмот „Адвокатот на ѓаволот“ од 1997 година, во режија на Хакфорд. Во филмот играат Кијану Ривс и Ал Пачино.
Ривс порано беше во врска со актерката Џенифер Сим, која почина во сообраќајна несреќа во 2001 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Облече најмало бикини и помисли дека никој нема да ја види: папараците ја фатија на покривот на хотел
Популарната пејачка Дуа Липа моментално е во Рио де Жанеиро за нејзината бразилска турнеја „Радикален оптимизам“, а слободното време помеѓу настапите и пробите го искористи за да се опушти.

Сепак, папараците не ја пропуштија иако беше далеку од јавноста, и ја фатија на базенот на покривот од луксузниот хотел каде што престојува.

Во тесно црно-жолто бикини, Дуа Липа го покажа своето витко, тонирано и исончано тело, особено нејзините извајани стомачни мускули кои е невозможно да не се забележат и да не се коментираат, кои не избегаа од објективите.

Снимена е додека се обидува да се завитка во парео со ист дезен како бикинито, а како моден додаток носеше очила за сонце. Долгата коса лежерно паѓаше преку грбот, а очигледно е дека немаше ни трага шминка додека го впиваше витаминот Д.
Забележлив е и нејзиниот скап веренички прстен, со кој британскиот актер Калум Тарнер ја запроси кон крајот на декември минатата година.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Аманда Холден мами воздишки во чипкана креација
Познатата водителка Аманда Холден (54) се појави на добротворна гала вечер и ги воодушеви сите со својот зачудувачки аутфит.
Убавата русокоса често е мета на папараците, па секој нејзин моден изглед е пречекан со лавина од позитивни коментари, а самата водителка понекогаш се обидува да го привлече вниманието кон себе со провокативни објави.

Токму како што диктира гала вечерта, гламурот и луксузот беа насекаде, а Аманда го следеше тоа „правило“.
Водителката се појави во чипкана црна креација украсена со цветни мотиви, со голем шлиц што оди сè до рамената, дискретно нагласувајќи ги нејзините гради.

Едноставни сандали со тенок ремен, обетки и нејзината насмевка – тие беа таму за да го „зачинат“ овој елегантен и провокативен изглед, додека како и обично, имаше силна вечерна шминка за да ги истакне очите.
Тајната на изгледот на Аманда Холден е секогаш тема, со оглед на тоа што таа е една од најзгодните јавни личности иако е во шеесеттите години. Како што еднаш откри, тајната лежи во избалансиран начин на живот, не ограничувајќи се, но ниту претерувајќи.

фото: принтскрин

