Македонија
СДСМ: Груевски предводеше операција за десоросизација, Мицкоски гази во истата кал
ВМРО-ДПМНЕ повторно влегува во конфликт со меѓународните организации како во времето на пребеганиот Никола Груевски, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, од каде што прашаа која е вистинската причина за средбата на Зоран Заев со Александар Сорос.
„Позната е операцијата десоросизација предводена од Груевски, а Мицкоски длабоко гази во истата кал. Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е центарот на лажни вести, дезинформации и конфликти со граѓанските организации. Нема ништо тајно во новата иницијатива на земјите од Западен Балкан – тоа е иницијатива за подобар Балкан и за подобар живот на сите граѓани во регионот“, велат од СДСМ.
Владејачката партија додава дека на иницијативата за подобар Балкан, на која викендов во Охрид, покрај премиерот Зоран Заев, учествувале претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама, претседавачот на Советот на министрите на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, и министерката на Црна Гора, Драгица Секулиќ.
„За време на на работните средби, освен со заменик-претседавачот на Фондацијата ‘Отворено општество’, Александар Сорос, одржани се консултации со претставници на Европската комисија, на Европската банка за обнова и развој, Регионалниот совет за соработка и други. Ја потсетуваме јавноста на повиците на ВМРО-ДПМНЕ за ноќта на долгите ножеви и пресметки со неистомислениците. Не им доаѓа умот, повторно со лаги за наводно населување мигранти ги плашат граѓаните.
И тогаш и сега граѓаните се контра лагите и омразата на двоецот Груевски-Мицкоски. Затоа, ги загубија претходните избори и затоа ќе ги изгубат и изборите на 12 април. Обнова на десорсоизација нема да има“, додава СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.
Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, со ваквата политика, како што велат, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.
„Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.
Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.
Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“.
Македонија
Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по претежно влажни коловози.
Врнежи од снег на Попова Шапка со задржување на коловоз од с.Лисец-Попов Шапка.
Намалена видливост поради појава на магла до 80 метри на патниот правец Штип – Неготино кај Серта, во Крушво до 50 метри, на планинскиот премин Стража до 100 метри и кај Маврово до 50 метри.
Сите патни правци во државата се проодни.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утре променливо облачно и релативно топло
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло.
Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 5, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови следува период на променливо време. Во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег. Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а нови врнежи повторно се очекуваат од четврток.

