Македонија
Герила-акција за Расадник: Дрвјата родија згради
Нова герила-акција во врска со актуелниот проект на Општина Кисела Вода за изградба на нови 100 згради во Расадникот.
„Дрвјата во Расадник родија згради. Македонија е земја на чудата, чуда се случуваат секој ден насекаде околу нас, а нам ни останува само да се чудиме. Најчудно од сè е како во еден од најзагадените градови на светот и во еден негов дел, кој веќе е густо населен и има огромна фабрика загадувач, општинарите сакаат да направат ни помалку ни повеќе, туку 100 нови згради во простор што претставува оаза на природата во центарот на градот.
Просторот наречен Расадник некогаш бил периферија на градот, а градот се развивал и растел околку него. Токму затоа тој останал остров на биодиверзитетот, во самиот град на Расадникот денеска сè уште живеат голем број диви зајаци, еребици, лисици, фазани, желки, ежови, клукајдрвци и десетици други видови птици, мали цицачи, влечуги и инсекти. Денеска дрвјата во Расадник еволуираа и родија згради, утре можеби и зајаците ќе протестираат. Сè е можно во оваа чудесна Македонија, која еволуира секојдневно.
Прашање на еволуцијата е и кога општинарите и градежната мафијо-индустрија ќе еволуираат и ќе сфатат дека градот не го прават само зградите, туку градот е сложен систем на објекти, простори и вредности, во кој место треба да има и за дрвјата, и за луѓето, и за зајаците и за полјанките. А којзнае, можеби еволуцијата на општинарите е завршен процес и ова никогаш нема да го сфатат…“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК со први проекции за бројот на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18
Државната изборна комисија ги објави првите проекции за бројот на пратенички мандати – ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, а зад нив е ДУИ до 19.
Трет по бројот на пратеници е СДСМ со 18 мандати.
Коалицијата Вреди има 13 пратенички мандати, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати.
Македонија
Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Влен
Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Влен, кажа претседателот на БЕСА, дел од коалицијата Влен, Билал Касами.
Касами рече дека ВЛЕН е победник во сите општини со мнозинско албанско население, а резултатот го препиша и на доаѓањето на иселениците.
„Коалицијата Влен е апсолутен победник кај Албанците“, изјави Касами.
Тој очекува да имаат број на пратеници колку и ДУИ.
Според досега пребројаните гласови, коалицијата Влен има 92.091 гласа, односно 11,21 отсто, а Европскиот фронт на ДУИ, 117.503 гласа, или 14,30 отсто.
Македонија
Димитриевски: ЗНАМ вечерва испиша историја
Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски и посака успешен мандат на Гордана Силјановска Давкова.
„Да ја води Македонија во правилна насока, да биде тука за граѓаните, бидејќи нашата борба е и ќе биде за граѓаните. Воедно да честитам на ВМРО-ДПМНЕ за убедливата победа. Верувам дека овие избори ќе бидат дополнителна поука за сите останати политички субјекти кои гравитираа досега на политичката сцена. За нас од ЗНАМ гордо можам да потврдам дека ЗНАМ од вечерва ја започнува својата борба за достоинствена Македонија. ЗНАМ вечерва испиша историја. Ние потвдивме минимум пратеничка група и некаде околу 60 илјади гласови“, кажа Димитриевски и се заблагодари на граѓаните кои што излегоа на изборите.
„Од денеска продолжуваме како што ветувавме во предизборната кампања, согласно нашите определби, програмски и сето што беше ветено пред граѓаните. Ние сме партија формирана од граѓаните, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за граѓаните“, додаде Димитриевски.
Прашан дали ќе остане градоначалник или размислува за Владата, тој кажа дека нема никакви размислувања, ќе остане доследен на неговите ветувања и секогаш со кумановчани.