Свет
Социјалистичката партија и Подемос се договорија за постизборна коалиција

Социјалистичката партија на чело со шпанскиот премиер Педро Санчез постигна договор за формирање постизборна коалиција со партијата на екстремната левица Унидас Подемос, пренесе „Ројтерс“.
Извор од Социјалистичката партија за „Ројтерс“ не навел повеќе детали за состанокот меѓу Санчез и Пабло Иглесијас. Коалицијата од двете партии сепак нема да има доволно пратеници за формирање влада зашто заедно имаат поддршка од 155 пратеници, а за парламентарно мнозинство се потребни 176.
Во Шпанија во неделата се одржаа четвртите парламентарни избори во последните четири години. Најмногу мандати освоила Социјалистичката партија, но раст забележиле и десничарските партии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Фицо: Им велат на Русите „Па, славете, би можеле да фрлиме дрон врз вас или нешто друго“, ова се неприфатливи работи

Словачкиот премиер Роберт Фицо го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговото предупредување до „странските делегации да не доаѓаат“ на прославите по повод Денот на победата во Русија. Потсетиме, Зеленски во саботата изјави дека Украина не може да ја гарантира безбедноста на странските претставници кои планираат да присуствуваат на прославите по повод Денот на победата во Москва на 9 мај.
„Ги отфрлам ваквите закани. Целосно го почитувам фактот дека безбедноста на учесниците е внатрешно прашање на Руската Федерација. Но, ако г-дин Зеленски верува дека неговите изјави ќе ги принудат странските делегации да не дојдат, тогаш тој длабоко се лаже“, рече Фицо.
Фицо повика на прекин на огнот по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна на европско тло, додавајќи дека Зеленски треба „да молчи“.
„Големо непочитување е кога некој ќе ѝ каже на земја која даде најголем придонес во победата над фашизмот и претрпе апсолутно најголеми жртви што можат да се замислат: ‘Па, славете, би можеле да фрлиме дрон врз вас или нешто слично’. За мене, ова се неприфатливи работи“, рече Фицо, кој ќе присуствува на прославите по повод Денот на победата.
На 15 април, шефицата за надворешна политика на Европската унија, Каја Калас, ги предупреди европските лидери да не присуствуваат на прославите по повод Денот на победата во Москва. Таа истакна дека не сака да види ниту една земја што се стреми да се приклучи кон Европската Унија да учествува во прославите организирани од владата на Путин.
Европа
(Видео) Нападнат лидерот на турската опозиција, се појави снимка

Лидерот на главната опозициска партија во Турција беше нападнат вчера додека ја напушташе комеморацијата во Истанбул.
Озгур Озел, кој ја предводи Републиканската народна партија, го напуштал Културниот центар „Ататурк“ во центарот на градот кога му се приближил повозрасен маж и го удрил во лицето со отворена дланка, покажаа телевизиските снимки.
#LATEST — Türkiye’s main opposition leader Ozgur Ozel physically attacked pic.twitter.com/VS9K0539HN
— Türkiye Today (@turkiyetodaycom) May 4, 2025
Озел, кој присуствуваше на комеморацијата за Сири Суреја Ондер, прокурдски политичар, не беше повреден во нападот. Осомничениот е приведен, според извештајот на Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Истанбул.
Министерството за внатрешни работи подоцна објави дека напаѓачот бил 66-годишен маж кој ги убил своите две деца во 2004 година и бил условно ослободен во 2020 година. Весникот „Џумхуриет“ објави дека во 2004 година тој ги застрелал и избодел синот и ќерката, на возраст од 19 и 17 години.
Инцидентот ги обнови стравувањата за безбедноста на политичарите во Турција. Во 2019 година, претходникот на Озел, Кемал Киличдароглу, како лидер на Републиканската народна партија, беше нападнат додека присуствуваше на погреб на војник.
Свет
Трамп нареди повторно отворање на Алкатраз

Американскиот претседател Доналд Трамп повика на повторно отворање на озлогласениот затвор Алкатраз. Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп предупреди дека Америка е „мачена од сурови, насилни и сериски криминалци, отпадоци од општеството, кои никогаш нема да придонесат за ништо друго освен за беда и страдање“.
„Кога бевме посериозна нација, не се двоумевме да ги затвориме најопасните криминалци и да ги држиме подалеку од секого на кого можеа да му наштетат. Така треба да биде. Повеќе нема да толерираме овие сериски криминалци да шират нечистотија, крвопролевање и хаос по нашите улици.“
Затоа денес му наложувам на Бирото за затвори, во соработка со Министерството за правда, ФБИ и Министерството за внатрешна безбедност, повторно да го отворат значително проширениот и реновиран АЛКАТРАЗ за да ги сместат најзлобните криминалци во Америка.
Повеќе нема да бидеме заложници на криминалци, бандити и судии кои се плашат да си ја работат работата и ни дозволуваат да ги отстрануваме криминалците кои нелегално влегле во нашата земја. Повторното отворање на Алкатраз ќе служи како симбол на закон, ред и правда“, напиша Трамп.