Свет
Турција тврди дека заробила важна личност од Исламската држава

Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, денеска објави дека Анкара заробила важна фигура на Исламската држава во Сирија.
Тој рече дека истражните органи го испрашуваат осомничениот, без да го соопшти неговото име или детали за апсењето.
Турција соопшти дека уапсила неколку членови на семејството на убиениот водач на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади, вклучувајќи и една од неговите сопруги, како и сестра и ќерка.
Земјата деновиве дава публицитет на напорите да ги фати припадниците на Исламската држава по критиките дека нејзината неодамнешна воена офанзива во северна Сирија може да доведе до заживување на терористичката организација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Претседателот на Бразил му се закани на Трамп со реципрочни мерки ако воведе царини

Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва изјави дека е подготвен да воведе реципрочни царини за американската стока ако САД воведат царини за Бразил, пишува Би-Би-Си.
Лула така одговори на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави воведување царина од 50% за увоз на бразилски производи од 1 август.
Во писмото, Трамп го наведе третманот на Бразил кон поранешниот претседател Жаир Болсонаро, кој моментално е на суд за наводен обид за државен удар против Лула откако ги загуби изборите во 2022 година, како причина за зголемувањето на царините.
Трамп го опиша Болсонаро како „високо почитуван лидер во светот“ и рече дека „ова судење не треба да се случува“, повикувајќи го Бразил веднаш да го прекине „ловот на вештерки“ против поранешниот претседател.
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Планираме да купиме американски системи „Патриот“ за Украина

Германија планира да купи американски противвоздушни ракетни системи „Патриот“ за Украина, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц.
„Разговарав за тоа со претседателот Трамп минатиот четврток и го замолив да ги испорача овие системи“, рече Мерц на конференцијата за реконструкција на Украина во Рим.
„Министрите за одбрана на двете земји разговараат за можен договор, но конечна одлука сè уште не е донесена“, рече Мерц.
Тој истакна дека на САД им се потребни дел од достапните системи „Патриот“ за сопствена одбрана и не прецизираше колку системи Берлин има намера да купи. ДПА дознава дека се дискутира за два ракетни системи.
Трамп оваа недела изјави дека одобрил испорака на оружје за Украина бидејќи е незадоволен од одбивањето на рускиот претседател Владимир Путин смислено да учествува во мировните преговори. Подоцна тој рече дека желбата на Украина да добие нови „Патриоти“ ќе биде разгледана.
Регион
Хрватска го враќа задолжителниот воен рок

Хрватската влада денеска до тамошниот законодавен дом го испрати предлогот за измени на Законот за одбрана и Законот за служба во вооружените сили, со кои, меѓу другото, повторно се воведува задолжително основно воено оспособување.
Во образложението, премиерот Андреј Пленковиќ посочи дека Владата смета дека овие документи се неопходни, имајќи ги предвид значително променетите глобални безбедносни околности.
Тој потсети дека Хрватска од 2008 година има суспендирана одлука за задолжителна воена служба и дека со овие измени ќе се создадат предуслови младите генерации да стекнат потребни вештини, што ќе ја зајакне силата на Хрватската војска.
Фото: ЕПА