Свет
Демонстранти ја нападнаа резиденцијата на аргентинскиот амбасадор во Чиле

Демонстрантите фрлаа камења кон резиденцијата на аргентинскиот амбасадор во главниот град на Чиле во вторникот, пренесува ТАСС. Амбасадорот на Аргентина во Чиле, Хозе Октавио Бордон, изјави дека никој не е повреден во инцидентот.
„Тие веќе половина час се обидуваат да влезат на територијата на резиденцијата и фрлаат камења кон зградата“, изјави Бордон за весникот „Кларин“ и додаде дека демонстрантите запалиле ресторан во близина на дипломатската резиденција.
Радиостаницата „Био био“ објави дека во вторникот имало протести во Сантјаго и во други градови во Чиле вклучувајќи го и одморалиштето Виња дел Мар. Демонстрациите во центарот на главниот град почнале мирно, но подоцна избиле судири меѓу полицијата и демонстрантите. Демонстрантите протестираат против социјалната нееднаквост и политиките на актуелната влада.
Пожар бил пријавен и во една од католичките цркви лоцирани во близина на местото каде што се одвиваа протестите. Причините за пожарот сè уште не се утврдени. Протестите во Сантјаго избија на 14 октомври кога цената за билетите во метрото се зголеми 30 пезоси. Според официјалните извештаи, повеќе од 20 лица загинале во судирот меѓу демонстрантите и полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Пожар на најголемиот градски пазар во Харков

За време на големиот руски напад врз Харков, избувнал пожар на најголемиот пазар во градот, Барабашово. Оштетени се неколку станбени згради и возила. Вкупно 11 лица се повредени во регионот Харков.
Massive Russian drone attack on Kharkiv last night. There were about 20 hits on the city.
Barabashovo market, the largest market in Kharkiv, is burning from the drone attacks. Thankfully, no one was hurt, although material losses from the fire will likely be huge. pic.twitter.com/USaAA67sTS
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) May 6, 2025
Гувернерот на Харковската област, Олех Синехубов, изјави дека околу 20 малопродажни објекти на пазарот се целосно уништени.
Свет
Куклите Барби стануваат нова жртва на царинската војна на Трамп

„Па, може децата да имаат две кукли наместо 30“, се намурти американскиот претседател минатата недела. Сега цените навистина растат. Барби е на прагот да стане поскапа – и за тоа можете да му се заблагодарите на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Политико.еу.
Набргу откако Трамп воведе царини на играчките произведени во Кина и на други места, „Мател“ – гигантот за производство на играчки и пронаоѓач на иконската Барби – планира да ги зголеми своите цени во САД, соопшти компанијата.
„Мател“ произведува околу 40 проценти од своите играчки во Кина, на која администрацијата на Трамп им воведе царини од 145 проценти, тврдејќи дека Пекинг се однесува неправедно кон САД во трговијата.
Производителот на играчки соопшти дека ќе премести дел од своето производство надвор од Кина во обид да го диверзифицира својот синџир на снабдување и да ја преброди царинската бура.
Сепак, во незаборавните коментари минатата недела, Трамп ги минимизираше загриженостите дека неговите таканаречени реципрочни царини ќе ги зголемат трошоците за стоки и ќе доведат до недостиг.
„Па, можеби децата ќе имаат две кукли наместо 30 кукли, а можеби двете кукли ќе чинат неколку долари повеќе отколку што би чинеле нормално“, рече тој.
Анкета што беше спроведена минатиот месец меѓу 400 американски компании за играчки од страна на Здружението на играчки покажа дека речиси половина од нив веруваат дека поради царините на Трамп би можеле да банкротираат.
Свет
Фридрих Мерц не ја доби поддршката за нов канцелар на Германија

Конзарвативниот германски лидер на Христијанско-демократската унија (CDU/CSU) Фридрих Мерц не успеа да го обезбеди потребното мнозинство во Бундестагот за да стане германски канцелар во првиот круг од гласањето, задавајќи изненадувачки удар на неговата нова коалиција со социјалдемократите.
69-годишниот Мерц, кој ја предводеше Христијанско-демократската унија до федералната победа во февруари и се договори за коалиција со социјалдемократите (SPD), доби само 310 гласови во долниот дом на парламентот, изјави претседателката на Бундестагот, Јулија Клокнер. Му беа потребни најмалку 316 гласови за да биде избран во првиот круг.
Клокнер ја прекина седницата за да можат парламентарните групи да одржат консултации за следните чекори.
Бундестагот сега има 14 дена да го избере Мерц или друг кандидат за канцелар со апсолутно мнозинство, а нов круг гласање би можел да се одржи уште денес.
Христијанските демократи на Мерц ги добија изборите во февруари со 28,5 проценти од гласовите, но им треба барем еден коалициски партнер за да формираат мнозинска влада.
Вчера тие потпишаа договор за коалиција со социјалдемократите, кои освоија само 16,4 проценти на изборите, што е најслабиот резултат во историјата на партијата од крајот на Втората светска војна.