Европа
Најмалку 13 загинати во судир на автобус и камион во Словачка
Најмалку 13 лица загинаа и 20 се повредени во судир на автобус и камион во Словачка.
Несреќата се случила во близина на градот Нитра, 100 километри источно од Братислава, соопшти полицијата.
Пожарникарите соопштија дека бројот на жртвите може да биде поголем.
Најмалку 20 лица се повредени во несреќата, пренесува АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Орбан: Одложете ја одлуката за продолжување на санкциите против Русија до инаугурацијата на Трамп
Унгарскиот премиер Виктор Орбан на самитот на Европската унија во Брисел изјави дека „се уште треба да размислува“ за продолжување на санкциите против Русија, кои истекуваат на крајот на јануари, објави денеска „Еуроњуз“ на унгарски јазик.
Орбан им порача на другите шефови на држави или влади на самитот во Брисел дека не сака да донесе одлука за продолжување на санкциите против Русија до инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, на 20 јануари, потврдија повеќе учесници на самитот во Брисел.
Доколку Унгарија не се согласи на продолжување на санкциите на ЕУ, тие истекуваат на 31 јануари, пренесува Танјуг.
Ова би влијаело на опсежните економски и финансиски санкции против Русија, како и симболични санкции против повеќе од 2.000 поединци и компании, пишува Шпигел.
Меѓу санкционираните од ЕУ, поради рускиот напад на Украина, се водечки руски политичари како претседателот Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, како и многу олигарси како Роман Абрамович.
Трамп постојано тврдеше дека може да стави крај на руската војна против Украина за краток временски период.
Европа
(Фото) Нови ракетни напади врз Киев: гори главниот град на Украина
Најмалку седум лица се повредени во денешниот руски ракетен напад врз Киев, главниот град на Украина, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко.
Во нападот беа оштетени бројни згради, соопштија локалните власти. Нападот предизвика пожари низ градот, изјави шефот на воената администрација на Киев, Сергеј Попко.
Украинската воздушна одбрана дејствува поради ракетниот напад врз Киев, објавија претходно локалните власти и воздухопловните сили.
Како што беше објавено, прогласена е воздушна тревога на целата територија на Украина поради ракетната закана, наведува украинската агенција.
Европа
(Видео) „Боинг“ со 170 патници излета од пистата со полна брзина: драма во Норвешка
Патничкиот авион Боинг, кој синоќа полета од Осло кон градот Молде, за малку ќе „слеташе“ во морето откако со полна брзина излета од пистата.
A Norwegian Boeing 737-86N(WL) with registration (LN-NIP) did a Runway excursion by overrunning the runway while landing at Molde, Norway.
All the 171 onboard were evacuated deploying the emergency slides.
Video courtesy: The Global Beacon@globalbeaconn#Airlines #aircraft pic.twitter.com/iMGpKtmOcw
— FL360aero (@fl360aero) December 19, 2024
Во моментот на несреќата во авионот имало повеќе од 170 патници и членови на екипажот, а според првите информации нема повредени лица.
Од утрово трае истрагата за несреќата која за малку ќе беше огронна трагедија.
Компанијата „Норвегиан“ во четвртокот вечерта соопшти дека временските услови биле причината поради која авионот завршил од пистата.
Според нив, меѓу другото имало и налет на ветер, а пистата била лизгава.
„Денеска ќе преземеме различни истражни дејствија што беа во тек по вчерашниот ден. Има различни луѓе кои беа вклучени во инцидентот и кои треба да се истражат“, рече Јирген Молнес, оперативен менаџер во полициската област Мире ог Ромсдал.