Вести
Мексикански наркокартел го призна убиството на 17 студенти
Двајца припадници на криминална група на еден од мексиканските наркокартели признале дека убила 17 студенти со што делумно е расветлена судбината на 43-та студенти исчезнати на 29-ти септември во градот Игуала, во сојузната мексиканска држава Гереро, каде што истиот ден на појадок во хотел во монденското летувалиште Акапулко од автоматско оружје беше смртно застрелан Браулио Сарагоса Маганда генералниот секретар на Партијата на националната акција во оваа мексиканска држава.
Државниот обвинител на Гереро, Инаку Бланко, изјави на прес-конференцијата дека се пронајдени 28 тела во масовни гробници близина на градот Игуала, од кои како што претходно јавија агенциите некои биле јагленосани, но дека ќе бидат потребни најмалку два дена за нивна идентификација.
Во државата Хереро, која се наоѓа на пацифичкиот брег на Мексико, на границата со САД, најжестоки се судирите на нарко бандите.
На 29-ти септември исчезнаа 43 студенти од Атцојинапе кои претходните денови, на 26-ти септември, дошле да протестираат во Игуала и да собираат финансиска помош, а по завршување на протестот тргнале кон своите домови со автобуси на јавниот транспорт. Според искази на очевидци, врз автобусите пукале полицајци и вооружени мажи, и потоа студентите ги одвеле во непознат правец.
Двајцата уапсени, за кои постојат сомневања дека се членови на криминалната група Герерос Унидос, учествувале во стрелањето на 17 студенти, изјавил обвинителот Бланко. Двајцата тврдат дека наредбата за масакрот им ја дал началникот на јавната безбедност во Игуала.
И началникот и градоначалникот на Игуала се во бегство, а досега се уапсени вкупно 22 полицајци и други лица кои најверојатно се припадници на локалниот наркокартел, осомничени за нападот во кој загинале на самото место шест лица, а 25 биле ранети.
Двете масовни гробници биле пронајдени во саботата благодарејќи на некои од исказите на повеќето од 30 лица приведен во врска со случајот. Од гробницата досега се ексхумирани 28 тела, некои од нив изгорени.
Доколку се потврди дека ексхумираните тела се исчезнатите студенти, тоа ќе биде еден од најголемите масакри во Мексико од 2006 година кога започна војната против наркокартелите во кои загинаа околу 90 илјади луѓе.
Откако во 2006 гoдина на власт дојде сега поранешниот претседател Фелипе Калдерон, тој им објави војна на организираниот криминал и нарко мафијата. Меѓутоа, имајќи ја предвид раширената корупција меѓу владините и полициските службеници, тој беше принуден да ја ангажира и војската, која во борбата против картелите учествува со 50 илјади свои припадници од разни родови.
Според оцените на експертите, секоја година преку Мексико во САД, Европа и Азија се пренесуваат наркотици во вредност од повеќе од 40 милијарди долари. Големата заработка и близината на богатиот американски пазар се причината за крвавите судири мешу нарко картелите кои сакаат да имаат превласт врз шверцерските канали./крај/мф/сн
Извор: AFP/Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.