Црна хроника
Еднo лице се загуши во пожар во Идризово
Едно лице се загушило во пожар што избувнал на кровна конструкција на зграда во населбата Колонија, во скопското село Идризово.
Пожарот избувнал утрово околу осум часот, изгорел еден стан, а мажот кој настрада во пожарот, се обидел да се сокрие од пламените јазици, во тоалетот, но се загушил. Според првичните полициски информации, лицето било на возраст од 60 години
Како што информираат од противпожарната служба во пожарот зафатени биле околу 100 метри квадратни.
Во гасењето на пожарот учествувале 18 пожарникари со седум противпожарни возила. Пожарот е локализиран, а причините за пожарот се уште не се познати и ќе утврдуваат по завршувањето на увидот. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
За 1.300 евра му ветил дека ќе му помогне да земе социјална помош
Вчера во СВР Скопје, 64-годишен маж пријавил дека е измамен за сума од 1.300 евра од Ф.А. од Скопје.
Според пријавеното, во февруари 2022 година Ф.А. му ветил дека ќе му помогне да земе социјална помош, но дека за тоа ќе треба да му даде одреден паричен надомест, на што се согласил и му дал 300 евра.
По неколку месеци му пристигнало решение дека барањето му е одбиено. По една година, Ф.А. повторно му побарал пари на пријавителот за да му помогне да земе социјална помош овој пат за неговата сопруга, но за тоа ќе треба да му плати уште 1.000 евра, по што парите ги дал на женско лице.
Како што е пријавено, оттогаш не можел да стапи во контакт со Ф.А., по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
По пријава за гласна музика, двајца полицајци од Кочани истепале едно лице без причина
Полицијата поднесе кривична пријава против двајца полицајци за кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.
Двајцата пријавени, полициски службеници во Полициската станица Кочани при СВР Штип, при извршување на службени задачи на 07.09.2025 година во врска со пријава за гласна музика, влегле во дворот на лицето пријавено за пуштање на гласна музика и без да бидат исполнети условите за употреба на средства за присилба, неовластено употребиле физичка сила врз него и му нанеле телесна повреда.
Одделот за внатрешна контрола против двајцата ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
Црна хроника
Се степале жени во Охридско
Вчера во СВР Охрид е пријавено дека во 14:40 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на селото Извор, З.А.(41) од кичевското село Колибари физички ја нападнала Ф.Д.(25) од селото Пласница, по што настанала фиџзичка пресметка помеѓу нив.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

