Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Сугарески за новото задолжување за изградба на автопатот Кичево – Охрид
Денес СДСМ и Владата предводена од СДСМ уште еднаш покажа класично непочитување на Собранието како највисок законодавен дом. Како пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сакаме да изразиме огромно незадоволство поради тоа што на денешната Комисија за финансирање и буџет каде на дневен ред беше донесувањето на предлог-законот со којшто требаше да се обезбедат дополнителни средства за довршување на автопатот Кичево – Охрид, веќе втор ден по ред, ресорниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески, не доаѓа и не присуствува на седницата на Комисијата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ апелира и бара ресорниот министер да собере храброст и да се појави на оваа Комисија бидејќи за важен закон како овој, тој мора да биде присутен и да даде одговор на многу прашања кои ги имаат пратениците кон него.
„Имено, денес сакавме да го прашаме министерот и Владата, зошто овој предлог-закон доцни една година, знаејќи дека на 12 ноември минатата година беше изгласан закон за обезбедување средства за доизградба на оваа автопатска делница. Сакавме да слушнеме од министерот Сугарески како претставник од Владата, зошто им беше потребна дури една година за да се поднесе овој закон за ново дополнително задолжување од 180 милиони долари за изградба на овој автопат, сума којашто воопшто не е мала.
Сепак, одговор на овие прашања не добивме. Министерот Сугарески одлучи да не се појави и да не даде одговор на овие многу важни и клучни прашања. Ние во многу наврати во изминативе неколку години, укажувавме дека блокирањето и застојот на изградбата на оваа автопатска делница ќе нанесе ненадоместлива и огромна штета, како на буџетот, така и на граѓаните кои секојдневно патуваат во овој регион. Исто така, во овој период додека е закочена и блокирана изградбата на овој автопат се загубени и фрлени во вода огромни средства кои биле потрошени за досега сработеното, а кое сега поради овој застој, трпи штети, последици и се уништува“, се вели во соопштението.
Партијата додава дека од друга страна, мора да се потенцира дека овој застој има голема улога и во намалената безбедност во сообраќајот, која резултира со голем број сообраќајни незгоди и несреќи, со голем број жртви и повредени, како и оштетени моторни возила. Штети за кои некој ќе мора да сноси некаква одговорност.
„Оттука уште еднаш сакаме да прашаме и бараме одговор на прашањето, зошто власта и министерот се плашат и бегаат од одговори за овој проблем кој тие го создадоа?
Колку за потсетување, токму СДСМ додека беше опозиција ветуваше изградба на илјадници километри автопат, за сега да гледаме дека не се способни ниту да ги довршат автопатите кои ВМРО-ДПМНЕ ги започна и кои беа во напредна фаза на реализација, а не, пак, да изградат нови како што ветија. Во изминатиов период, од СДСМ се изнаслушавме секакви изговори и оправдувања, но сепак граѓаните во ова речиси 3-годишно нивно владеење, можеа да се уверат во нивната неспособност и несериозност. Граѓаните гледаат дека СДСМ нема ниту капацитет, ниту визија и план како да ја водат Република Македонија. Единственото во коешто СДСМ се најдобри е блокирањето, укинувањето и ширењето лаги и манипулации“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Димитријевиќ: Свиркач открива нови детали за тендерот во „Пошта“ како се пумпаат 300.000 евра годишно
Денеска ќе прочитаме наводи од писмо на вработен во Пошта А.Д. исто така доставено до нас, со основано сомнение за тоа како преку овој тендер се пумпаат пари од граѓаните, изјава Александар Саша Димитријевиќ од СДСМ.
„Одиме по ред. ‘Пријавувам организирана кражба на 25.000 евра евра месечно или 300.000 евра годишно преку договорот со фирмата БС КЛИНИНГ ДООЕЛ’ наведува свиркачот, вработен во Пошта во писмото.
Според тендерот за хигиена во сите 14 поштенски подржуници задолжително треба да има по 2 хигиеничари/ки а во Пошта 2 задолжително по 10 хигиеничари.
А каква е реалната состојба? Само во 4-5 подужници има по 2 и работата само неколку часа дневно. Во другите 10 подружници има само по 1. Во Пошта 2 само 6-7. Значи постојано недостасуваат околу 14 хигиеничари.
Спроед тендерот треба да има во сите 14 подружници по 2 хигиеничари.
И така, преку константен недостатокот на 14 хигиеничари како и скратеното работно време на останатите кој реално работат, доаѓаме до пресметката за тоа колку пари месечно е загубата, ако се земе предвид дека за сите хигеничари (и тие што не работат и тие што работат само неколку часа во денот) се плаќаат целосни износи, согласно спецификацијата и договорот склучен со АД Пошта.
„Месечен трошок за еден хигиеничар е над 40.000 денари“.
Недостауваат 14 хигиеничри, значи тоа се над 560.000 денеари месечно.
Постоечките 25-26 хигиениари работат само 50% од времето, тоа се нови 550.000 денари.
Заедно со другите давачки уште 200.000 денари доаѓаме до речиси 25.000 евра месечно.
Тоа се 300.000 евра годишно! Ете ја шемата, ете ја корупцијата.
Како се прикрива ова?
Според писмото на вработениот во Пошта, со потпишување на лажни дневници за целосно отсустните хиниеничари и со лажни извештати за реализирани генерални чистења, кој воопшто не се реализираат а вработените работат во прљавштина и супстандардни услови.
Почитувани,
Сите овие наводи ги објавуваме, заедно со целата содржина на писмото и бараме Јавното обвинителство да отвори истрага и да ги истражи по допрен глас.
Во чии џепови завршуваат испумпаните пари?
Кој ќе одговара?
АКТ продолжува со откривање на сите криминални тендери. Институциите мора да постапат.
Работата не е завршена“, рече Димитријевиќ.
Македонија
Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟣𝟦 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 22.12. до 28.12.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 114 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопштуваат од ПОЦ.
Македонија
Грчкиот премин Ники (Меџитлија) ќе биде затворен за сообраќај на товарни моторни возила
Грчкиот премин Ники (Меџитлија) од 10 до 16 часот ќе биде затворен за сообраќај на товарни моторни возила, извести АМСМ.
Како што претходно соопшти АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

