Вести
САД предупредуваат дека во саудиски интерес не е дестабилизирање на светската економија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/obama20kral.jpg)
Белата куќа порача дека е убедена оти Саудиска Арабија нема да ги исполни своите закани за продажба на сопственостите во САД, доколку американскиот Конгрес го усвои законот со кој оваа монархија би ја прогласила за одговорна за терористичките напади од 11-ти септември 2001 година.
Од петокот, прво весникот The New York Times, а потоа и другите американски медиуми пишуваат дека саудискиот министер за надворешни работи Абдел ал-Џубери им порачал на претставниците на американскиот Конгрес дека неговата земја ќе биде принудена да ги продаде сопственостите во САД во износ од 750 милијарди долари во кои спаѓаат и американските државни обврзници, како одговор на изгласувањето на споменатиот закон според кој терористичката мрежа Ал Каеда и терористичките напади од 11-ти септември 2001 година биле финансирани со пари на Саудиска Арабија.Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, изјави дека претседателот Барак Обама не го поддржува тој закон, и дека нема да го потпише. Со законот би се овозможила тужба против саудиските власти пред американските судови за улогата на оваа земја во 11-септемвриските напади со околу три илјади жртви.„Убеден сум дека Саудијците, како и ние, ги препознаваат заедничките интереси во зачувување на стабилноста на глобалниот финансиски систем“, порача Ернест на брифингот со новинарите во Белата куќа.Претседателот Обама кој подоцна оваа седмица ќе патува во Саудиска Арабија, вели дека е против законот, поради тоа што ги изложува САД на тужби од државјани од други земји.„Доколку ја отвориме можноста поединци во САД да можат да тужат други влади, тогаш ја отвораме и можноста поединци да ги тужат САД во други држави“, изјави Обама во интервјуто за телевизиската мрежа CBS во понеделникот.Повеќето од 19-те напаѓачи од 11-ти септември 2001 година биле државјани на Саудиска Арабија, кои грабнаа четири патнички авиони и ги урнаа во њујоршките „Кули близначки“ на Светскиот трговски центар и зградата на Пентагон во Вашингтон, а еден беше соборен во Пенсилванија, наводно при обидот на патниците да го попречат киднапирањето на авионот. Американската истрага досега децидно не тврдеше дека има вмешаност или поддршка на саудиската влада во овие терористички напади.Меѓутоа, првиот заменик помошник на американскиот претседател за национална безбедност Бен Родс, во понеделникот вечерта изјави дека терористичката организација Ал Каеда била основана со пари од Саудиска Арабија, вклучително и од членови на нејзината влада.Изјавата на Родс, дадена пред патувањето на Обама за Саудиска Арабија, само ја потврди крајната напрегнатост во односите меѓу двете земји. „Не дека политиката на владата на Саудиска Арабија ја поддржувала Ал Каеда. Но имало многу богати луѓе во Саудиска Арабија, кои донирале, понекогаш и директно, на терористичките групи“, изјави Родс за поткастот кој го води поранешниот главен советник на Обама, Дејвид Акселрод. Родс додаде дека „многу пари во првата фаза од проектот Ал Каеда“ дошле токму од Саудиска Арабија.Притоа, според него, меѓу оние коишто ги финансирале терористите, имало и функционери на саудиската влада и членови на нивните семејства. „Во крајна линија, недоволно внимание било посветено на тоа каде во текот на сите тие години одат парите од државниот апарат“, рече Родс./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.