Црна хроника
Хаос на „Партизанска“: Двајца скопјани се тепале, трето лице се заканувало со пиштол

На улицата Партизанска вчера бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца скопјани на возраст од 61 и 67 години, поради меѓусоседско недоразбирање, информираат од полицијата.
Според пријавеното, тие во пресметката употребиле тврди и остри предмети, а биле разделени од неколку присутни.
При пресметката, се вмешал и внкукот на едниот од нив, кој упатил закана со пиштол.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Кривична против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид за злоупотреба на службената положба

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г. С. (48), директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Пријавениот, искористувајќи ги својата службена положба и овластувањето, без одлука на управниот одбор на установата, без уредна покана и спротивно на уредбата за издатоци за службени патувања, патувал во странство и на тој начин нанел штета на буџетот на установата во износ од 46.520 денари.
Црна хроника
Девојка од Чаир пријавена за исчезната, по една недела пратила порака дека е во Србија

Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека Ј.И.(26) од Скопје, за која на 19.02.2025 беше пријавено дека се оддалечила од домот, пратила порака на семејството дека не е исчезната и дека се наоѓа во Нови Сад, Република Србија.
Црна хроника
Го уценувал и му барал пари: адвокат во Скопје физички нападнат од едно лице

Адвокат од Скопје пријавил напад на работното место.
– На 26.02.2025 во 20.10 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека на работното место во адвокатска канцеларија на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од К.А., кој го уценувал и му барал пари, стои во билтенoт на МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.