Црна хроника
Скопјанец ја нападнал сопругата пред угостителски објект
Полицијата привела скопјанец поради физички напад на неговата сопруга. Како што информира МВР во 2.07 часот пред угостителски објект на ул.„Анастас Митрев“, од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода В.Б.(57) од Скопје, кој физички ја нападнал неговата сопруга. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ, информира полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична за полициска службеничка за несовесно работење во службата
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од Кривичниот законик.
На 31.12.2024, комисија формирана за вршење годишен попис во ЕВР Карпош извршила попис и броење на оружјето во магацините за оружје, за кои била задолжена полициската службеничка А.Д..
По извршениот попис, било констатирано дека недостасува една автоматска пушка од главниот магацин за оружје во Полициската станица Карпош, сопственост на Министерството за внатрешни работи.
Исто така, на 11.01.2025 повторно била извршена контрола во магацинските простории во Полициската станица Карпош во присуство на раководните полициски службеници во станицата и од Одделот за внатрешна контрола, при што повторно било констатирано дека недостасувала една автоматска пушка и дека пристап до клучот за магацинот имала само ракувачот со материјално -технички средства на Полициската станица Карпош, пријавената А.Д..
Со овие дејствија пријавената го сторила делото за кое е поднесена пријавата.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и полициската службеничка ќе биде суспендирана од своето работно место до завршување на дисциплинската постапка.
Црна хроника
Лажел дека бил киднапиран и ограбен: кривична за тетовец
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(47) од с.Шемшово, тетовско.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „лажно пријавување’’ во врска со кривично дело „грабнување“.
Имено на 09.04.2024, пријавениот лажно пријавил дека во село Шемшово четири лица насилно го внеле во патничко возило, го однеле во с.Грчец, физички го нападнале, му барале пари, а потоа го оставиле во с.Добарец.
Црна хроника
Скопјанец претепан од родителите на сопругата
Во СВР Скопје вчера во 13.00 часот , 37-годишен маж од Скопје пријавил дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Ј.Н. и В.Н., родители на неговата сопруга.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.