Македонија
Во Битола се одржа акција за пошумување на ридот „Зелен Баир“

о Битола се одржа акција за пошумување на ридот над населбата Баир во Битола. Просторот каде се реализираше акцијата „Зелен Баир“е поранешна борова шума, која во последните 15 години, во неколку пожари беше целосно уништена. Во рамки на оваа акција се засадија најмалку 100 борови садници од страна на волонтери од повеќе граѓански организации. Преку оваа акција волонтерите ја потенцираа улогата на шумите и зелените површини кои се наоѓаат во близина на урбаните средини, и потребата од спроведување на други акции од ваков тип со цел оддржување и зголемување на зелените површини. Со оваа акција се очекува да се направи делумна реституција на веќе загубените „бели дробови“ на Битола кои беа од исклучителна важност на локалното население и пошироко.
Акцијата за пошумување на ридот „Зелен Баир“ во Битола беше организирана во рамки на „Активни граѓани за добро владеење“ активност која се спроведува Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје (Форум ЦСИД), со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на „Активни граѓани за добро владеење“ е поттикнување на граѓаните да влијаат на процесот на донесување одлуки на локално ниво, за што беа организирани обуки на кои учествуваа претставници на локалните самоуправи од сите плански региони, младински здруженија, маргинализирани групи, образовни институции и медиуми.
Во изминатите четири месеци, Форум ЦСИД спроведуваше активности во Пелагонискиот плански регион, при што се формираше неформална група на млади граѓани од општина Битола кои добија поддршка за реализирање на акција за пошумување на ридот „Зелен Баир“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Повеќето пожари изгаснати, под контрола еден – ‘Јасен’ сè уште гори

До 8 часот утринава регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од нив, активни се два пожари – во ПП „Јасен“ на подрачјето на општина Македонски Брод и во атарот на селата Лојане и Табановце во општините Куманово и Липково. Под контрола е еден пожар на територија на општина Јегуновце, меѓу селата Рогачево, Јажинце и Долно Орешје.
Во текот на изминатите часови изгаснати се 24 пожари на повеќе локации низ државата, меѓу кои во Долнени, Тетово, Врапчиште, Гостивар, Куманово, Штип, Струга, Кичево, Крушево, Кисела Вода, Шуто Оризари, Илинден, Боговиње, Охрид, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Бутел и Карпош.
Македонија
Попладне пороен дожд и грмежи во западните делови, најавија метеоролозите

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне, претежно во западните региони ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, јавува УХМР.
Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 35 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.
Македонија
Марш на ангелите во Кочани: Ако нема правда за ангелите, за нивните родители и семејства, нема да има за никој

Правда мора да има, ако не ќе поставиме шатори пред судот и полицијата и нема да дозволиме никој да влегува. Ако нема правда за ангелите, за нивните родители и семејства, нема да има за никој. Ова го порача поддржувач на родителите чии деца загинаа на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Тој од својата инвалидска количка го предводеше осумнаесетиот марш на ангелите. Зборувајќи пред Основниот суд во Кочани, ја обвини полицијата дека дваесет минути на влезот во градот, кај ресторанот „Национал“, држела луѓе од други општини затоа што доаѓале да ги подржат кочанчани.
– Без никакво образложение легитимирале, претресувале. И порачувам на цела Влада – помеѓу тие луѓе нема ниту еден терорист, ниту еден нарко дилер, ниту еден криминалец. Тоа се луѓе со душа и срце. Зошто се прави таков притисок, се обидувате ли нешто да скриете. Истрагата „терајте“ ја како што треба. Родителите на починатите веќе немат солзи во очите, изјави поддржувачот на родителите.
Осумнаесетиот марш на ангелите вечерва се одвиваше по истата маршрута како и претходно: Парк на Револуцијата, кафуле „Класик“, Општина, УЈП, полиција, суд, со тоа што вечерва немаше свирежи пред споменатите институции.
Родителите беа доста тивки. Сестра на починато момче во пожарот во „Пулс“ само потсети дека денеска, 16 август, навршија пет месеци откако на 16 март 62 лица ги загубија своите животи.