Спорт
Серијата на Бостон заврши во Сакраменто (Видео)

Сакраменто Кингс ставија крај на серијата од десет победи во која се наоѓаа кошаркарите на Бостон Селтикс. Во драматичен меч Кингс славеа со 100:99. Кингс имаат пет победи на последните седум натпревари, откако сезоната ја отворија со пет порази.
Натпреварот го реши Холмс кој погоди од линијата за слободни фрлања на 13 секунди до крајот на мечот. Во последниот напад за Бостон Смарт се обиде со флоутер, но топката излезе од обрачот.
Бади Хилд одигра брилијантен меч за Сакраменто постигна 35 поени (7/12 за три). Забележителни беа и Србите Богдан Богдановиќ, односно Немања Бјелица. Богдановиќ постигна 10 од своите 12 поени во последниот период, а забележа и 10 асистенции, додека Бјелица имаше 12 поени и 14 скока.
Денвер Нагетс убедливо ги победија Мемфис Гризлис 131:114. Дуелот го решија во втората четвртина која ја добија со 44:17. Џамал Мареј го одигра најдобриот меч во сезоната, постигна вкупно 39 поени.
Никола Вучевиќ г предводеше Орландо со 30 поени и 17 скока до победата над Вашингтон Визардс 125:121.
ЛА Лејкерс забележаа нова победа. Пред „езерџиите“ падна Атланта 122:101. Леборн Џејмс предводеше група од шест кошаркари со двоцифрен број на поени. Џејмс забележа 33 поени, седум скока и 12 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Зголемен бројот на женските, а намален бројот на машките тимови на фудбалскиот турнир на ОИ во Лос Анџелес

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) реши да направи промени на фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. ИОК го зголеми бројот на репрезентации на женскиот дел од турнирот и во исто време донесе одлука да го намали брјот на учесници на машкиот дел од турнирот.
На Олимпијадата во Лос Анџелес наместо досегашните 12 ќе учествуваат 16 женски репрезентации, додека машкиот олимписки турнир ќе биде намален од 16 на 12 екипи.
ИОК рече дека причината за промената е брзо растечката популарност на женските тимски спортови, особено во САД и дека промената во форматот на натпреварувањето е одраз на тој брз раст.
„Сакавме да направиме нешто што ќе го одрази тој раст, а исто така и дека САД се дом на најпопуларниот женски фудбал“, рече спортскиот директор на ИОК, Кит Меконел на прес-конференција.
Тој нагласи дека ИОК разговарал за ова прашање со организаторите на Игрите во ЛА и ФИФА, управното тело на светскиот фудбал, пред да ја донесе одлуката.
Соединетите Американски Држави, кои исто така ќе бидат домаќини на Светските првенства за жени во 2026 и 2031 година, освоија пет златни олимписки медали во женска конкуренција.
Спорт
Јувентус распиша конкурс за нов напаѓач

Јувентус почна да бара нови решенија во нападот. Италијанските медиуми пренесуваат дека на крајот од сезоната клубот ќе го напушти Полјакот Аркадиуш Милик кој сезонава воопшто не играше поради повреда на коленото, а многу веројатно е дека од клубот ќе замине и Душан Влаховиќ.
Главна цел на Јувентус е нигерискиот репрезентативец Виктор Осимен, кој на крајот од оваа сезона се враќа во Наполи од позајмицата во Галатасарај. Осимен има откупна клаузула вредна 70 милиони евра за тимови надвор од Италија, па се шпекулира дека Јувентус го чека тешка битка околу евентуалниот трансфер на 26-годишниот Нигериец.
Се споменува и напаѓачот на Лајпциг, Словенецот Бенјамин Шешко, како и напаѓачите на Манчестер јунајтед, Холанѓанецот Џошуа Зиркзе и Данецот Расмус Хојлунд, кои имаат искуство во Серија А.
На радарот на Јувентус се и тројца италијански интернационалци, тандемот од Аталанта, Матео Ретеги и Џанлука Скамака, како и напаѓачот на Удинезе Лоренцо Лука.
Ваквите планови можат да значат и дека клубот нема да г откупи од ПСЖ договорот на рандал Коло Муани, кој беше стандарден кај Тиаго Мота, но го загуби местото во стартната постава откако екипата ја презеде Игор Тудор.
Јувентус моментално е на петтото место со 56 бодови, 12 помалку од водечкиот Интер.
Спорт
Гвардиола го советувал Артета пред натпреварот со Реал

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, откри дека разговарал со сонародникот и пријател Пеп Гвардиола и побарал совет од него пред натпреварот со Реал Мадрид.
Ваквата изјава уследи по мечот во кој „топчиите“ го изненадија европскиот шампион и убедливо го победија во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите со 3:0.
„Разговарав со Пеп пред неколку дена и сакав да го прашам за совет. Секогаш треба да учите од најдобрите”, рече Артета.
Микел Артета му беше помошник на Гвардиола во Манчестер сити неколку сезони пред да стане менаџер на Арсенал.
Исто така, пред Арсенал, Реал лесно во плеј-офот за место во осминафиналето го елиминира Манчестер сити.