Црна хроника
Кај Штип загина возач на автомобил

Во неделата околу 20.10 часот на локалниот пат Штип – село Драгоево се случила сообраќајна незгода во која Е.Д. (50) од Штип, управувајќи „Цитроен Ц5“ со бугарски регистарски ознаки, излетал од патот и се превртел, по што загинал.
Возачот и сопатниците Д.Ѓ. (51) и З.К. (50), двајцата од Штип, со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Клиничката болница во Штип. Кај возачот Е.Д. била констатирана смрт, кај З.К. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Д.Ѓ. констатирани биле телесни повреди. И двајцата се задржани на лекување. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од полицијата во Штип. По наредба на обвинителот над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.Истиот ден, околу 17.50 часот на магистралниот пат Штип – Кочани се случила друга сообраќајна незгода во која „Цитроен Ц4“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Г. (63) од Кочани, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.Г., на кого му е укажана лекарска помош во болницата во Кочани и е задржан на лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата во Кочани./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Турчин уапсен на Табановце: кај него е пронајдена марихуана и дробилка

Вчера во 18:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 27-годишнниот А.Х. од Република Турција.
При гранични проверки, односно преглед кај него и контрола на возилото во кое бил сопатник, кај него се пронајдени марихуана и дробилка.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен 32-годишник од Скопско, превезувал прехранбени производи без документација

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р.(32) од село Брест, скопско под сомнение за сторено кривично дело согласно член 278 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Имено, при преглед на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое Б.Р. го управувал била констатирана поголема количина на прехранбени производи и филтри за цигари со неутврдена количина и без соодветна документација.
Б.Р. е задржан во Полициска станица известен е јавен обвинител, а возилото е одземено за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 пакување со марихуана

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана.
Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.