Спорт
Солскјер има осум мети и 200 милиони за трансфери

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер ќе добиел 200 милиони фунти за засилувања, пишуваат англиските медиуми. Според овие извори на листата на играчи што ги посакува Солскјер имало осум имиња.
Норвежанецот ќе има голема сума на располагање во зимскиот преоден рок, но прашање е колку од играчите што ги означил тој ќе бидат достапни во јануари.
Медиумите шпекулираат дека примарна цел на Солскјер се напаѓа и креативен играч од редот за врска.
Пик број 1 бил Ерлинг Халанд, тинејџерот од Салцбург чија цена изнесува околу 100 милиони евра.
Исто така Јунајтед го следат и Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд. Тој пред неколку месеци го продолжил договорот со клубот и неговата цена е околу 120 милиони евра.
Покрај овие двајца како можни засилувања на „црвените ѓаволите“ фигурираат и Џејмс Медисон (Лестер), Деклан Рајс (Вест Хем), Калум Вилсон (Борнмут), Муса дембеле (Лион), Џон Мекгин (Астон Вила) и Џек Грилиш (Астон Вила).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Аморим е јасен: Фокусот е на Лига Европа

Манчестер Јунајтед се пласираше во полуфиналето на Лига Европа по сензационалниот камбек против Лион.
„Црвените ѓаволи“ водеа со 2:0, па губеа со 2:4 на само шест минути до крајот на продолжението, а потоа го направија еден од најголемите пресврти и стигнаа до 5:4.
Многу работи беа чудесни во пресвртот на Јунајтед, но многу работи ќе треба да се поправат за повеќе да не се соочуваат со ситуација да примат два гола со играч повеќе на теренот. За тоа е свесен и Рубен Аморим.
Тренерот на англискиот клуб како прва цел до крајот на сезоната ја спомена Лигата на Европа.
„Освојувањето на ова натпреварување би било единствениот билет за Манчестер Јунајтед за Европа следната година: „Мораме да ризикуваме со децата во Премиер лигата, мора да се фокусираме на Лига Европа“, изјави Аморим.
Јунајтед одамна ги загуби сите шанси да дојде до добра позиција во Премиер лигата за Европа, а Атлетик Билбао ќе им застане на патот во полуфиналето на Лига Европа.
Спорт
Санчез е блиску до враќање во татковината
Алексис Санчез ја заокружи европската приказна во својата кариера со враќањето во Удинезе, а се чини дека неговата бајка ќе има уште еден убав момент, можеби и последен во кариерата.
Поранешниот напаѓач на Арсенал и Барселона го започна своето европско патување во Удинезе, каде што игра и денес. Сепак, тој би можел да го напушти тимот од северот на Италија по истекот на договорот со тимот од Удине и да се врати во Чиле.
Договорот на Санчез со италијанскиот тим трае до летото 2026 година, кога треба да се раздели и со Удинезе. Т
Санчез многу рано си замина од Чиле, а немаше можност да игра за првиот тим на клубот за кој навива Универсидад. Сега, се чини, ќе ја има таа можност.
Од чилеанскиот клуб сериозно се распрашуваат за Санчез, но не се единствените заинтересирани. Наводно интерес за неговите услуги покажава и Ривер кој би сакал да го вклучи во составот, сега останува на Санчез што ќе избере.
Спорт
Бешикташ ги започнал преговорите со Митровиќ

Српскиот фудбалер Александар Митровиќ наводно е на мета на Бешикташ.
Митровиќ наводно е главната желба на турскиот Бешикташ за следната сезона, објави сигурниот турски портал „Фотомач“.
Наводно, Бешикташ веќе започнал преговори со Ал Хилал околу трансферот на капитенот на српската репрезентација.
Ова е планот на црно-белите од Истанбул следната сезона сериозно да ги предизвикаат Галатасарај и Фенербахче, кои се единствените пред нив во поредокот.
Се додава дека шефот на стручниот штаб на тимот, Оле Гунар Солскјаер, инсистира на доведување на триесетгодишниот напаѓач.
Митровиќ оваа сезона постигна 14 гола на 17 натпревари.