Македонија
„Советот на амбасадори“ повика изборите да се одржат на лето или кон крајот на 2020 година
Здружението за меѓународна политика „Совет на амбасадори“ им се заблагодарува на европските лидери и на комесарите на иституциите на Европска Унија за нивната реална и морална политичка поддршка на Република Северна Македонија во нејзиниот долг пат кон зачленување во ЕУ. Таа поддршка, како што велат, посебно беше важна по одлуката на Европскиот совет во октомври на земјата да не ѝ се додели датум за преговори.
„Совет на амбасадори“ од голема важност ја смета готовноста на земјите членки на Унијата (изразена во non paper на Франција) да ја реафирмираат уште еднаш европската перспектива на земјите на Западен Балкан со убедување дека само со нивното приближување кон ЕУ тие земји ќе можат да ги консолидираат нивните држави засновани врз принципите на правото и на правната држава, на нивниот економски и социјален развој. Со таа политика ќе се отворат реални перспективи за подобра иднина за младите и конечно помирувањето на народите во регионот.
„Совет на амбасадори“ високо го цени тоа што сите политички партии во нашата земја во нивните политички програми како примарна цел зацртале да ги поддржуваат и афирмираат евро-атлантските интеграции, што како резултат даде земјата наскоро да добие статус на полноправна членка на НАТО. Меѓутоа, сите сме свесни дека паралелно со тоа треба да продолжат и процесите на заокружување на реформите барани од Европската комисија со усвојувањето на новите правила и критериуми за полноправно членство во ЕУ“ се вели во извештајот.
Тргнувајќи од тоа, „Совет на амбасадори“ ги повикува лидерите на политичките партии претставени во Собранието, и согласно тежината на нивната политичка одговорност, час побргу да ги заменат нивните теснопартиски интереси со државните интереси и да ја поместат одлуката за оддржување на предвремени парламентарни избори до почетокот на летото или, пак, изборите да се одржат, во нивниот редовен термин на крајот на 2020 година.
Со таков потег, според „Советот на амбасадори“, политичките партии претставени во Собранието, Владата и другите институции тоа време наместо да одржуваат предизборни митинзи и изборни активности би се фокусирале на исполнување на евроинтеграциската агенда на земјата и на неопходните реформи во изборната регулатива согласно препораките на ОБСЕ-ОДИХР и барањата на малите партии и граѓаните. Овој вистински чекор секако ќе биде поздравен особено од деловните луѓе кои ќе се насочат кон исполнување на од порано потцртаните бизнис-планови за идната година.
„Совет на амбасадори“ смета дека лидерите на политичките партии се свесни дека предизборниот и изборниот процес во секоја земја времено ги прави неефикасни институциите на државата, сè до нивно потполно парализирање. Оттаму се убедени дека лидерите на политичките партии ќе го искористат овој единствен моментум, на земјата, на нејзините граѓани и на младите на Република Северна Македонија, да им обезбедат европска перспектива и европски стандарди за нивен сестран просперитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

