Црна хроника
Кавадарчанка под истрага за продажба на дрога во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против кавадарчанка за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
На 14 ноември, при претрес во домот каде што времено престојувала таа, на улица Венјамин Мачуковски во Скопје, полициски службеници пронашле 5,79 грама наркотична дрога – хероин и 0,58 грама марихуана. При претресот биле пронајдени и парични средства за кои постои сомневање дека потекнуваат од продажба на дрога. Во конкретниот случај, надлежниот јавен обвинител оцени дека се исполнети законските основи, односно дека осомничената би можела да се даде во бегство, да го повтори кривичното дело или да влијае врз сведоците, па до судијата на претходна постапка достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, соопшти Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против тетовец: ја истепал поранешната девојка, па барал да ја повлече пријавата против него

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 66-годишниот Д.К. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „демнење“.
На 18.12.2024 пријавениот физички ја нападнал поранешната девојка и потоа постојано телефонски и се јавувал и барал да ја повлече пријавата што ја поднела против него, а на социјални мрежи објавувал нејзини фотографии.
Црна хроника
Кривична против осуденик: во неговата соба во Затворот Струмица пронајдена марихуана

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 25-годишниот Џ.А. од селото Нова Маала, струмичко, осуденик во Казнено поправната установа Затвор Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 27.11.2024 затворската полиција извршила претрес во соба на осуденикот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа во Гевгелија, тешко повредена скопјанка

Вчера во 21.05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на улицата „5 Ноември“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(25) од Гевгелија и патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Б.Е.(34) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.Б.Е., констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.