Македонија
Алијанса за Албанците: Застарените дела не треба да служат како можност за одбегнување на одговорноста
Неодговорноста, лагите и манипулациите се идентификациски зборови на ДУИ кои сè повеќе ги придружуваат високи партиски функционери на оваа партија, велат од Алијансата за Албанците, коментирајќи дека ова било докажано уште еднаш со тоа што осомничениот за случајот „Титаник III“, пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими, одбил да сведочи на суд.
„По 3 години, Ејуп Алими се сеќава дека не треба да биде повикан како осомничен, туку како сведок. Ова само докажува дека Ејуп Алим дошол до оваа идеја како начин за избегнување на одговорноста и одолговлекување на случајот. Ние како АА бараме од судските органи да реагираат и да не дозволат овој случај или, пак, кој било друг случај во кој се гонат поранешни државни функционери да застари, како што беше случајот со предметот ‘Траекторија’, од кој се спаси поранешниот премиер Никола Груевски“, нагласува партијата на Зијадин Села преку соопштение.
Алијанса за Албанците смета дека застареноста е многу важен правен институт што спречува гонење, како и извршување на кривични санкции по одреден временски период, затоа треба да се спречи неговата употреба како можност за избегнување од одговорност.
„Затоа, јавно го прашуваме Ејуп Алим, зошто тој порано не се сети дека беше повикан како осомничен а не сведок?!
Избегнувањето на одговорноста може да ја спречат само судските органи, кои се должни да постапат по секој случај непристрасно и сериозно, спречувајќи ги неразумните одолговлекувања. Потсетуваме дека Ејуп Алими е обвинет за уништување изборен материјал во врска со локалните избори во 2013 година во општина Чаир, за кој случај според КЗ се предвидени најмалку 5 години затвор. Од оваа гледна точка сметаме дека случајот се одложува со единствена цел за купување време“, додаваат од партијата во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење
Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР.
„Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 50 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 585 прекршоци, а за нерегистрирани возила 16 прекршоци.
При тоа изречени се вкупно 58 забрани за управување на моторно возило“, соопшти МВР.
Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Македонија
Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари
„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице, поради основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во деловен објект на улица „Бутелска“ во Скопје“, известуваат од Електродистрибуција.
„Констатирано е: противправно користење на електрична енергија преку неовластено приклучување на три нисконапонски кабли во самата трафостаница во сопственост на Електродистрибуција. Деловен објект, поранешен млин, користен за неовластено снабдување на системи со графички картички за копање биткоини“.
Електродистрибуција информира дека е поднесена пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР и дека е изготвена Фактура за надомест на штета во износ од 16 милиони денари.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.

