Црна хроника
Еден загинат, петмина тешко повредени во сообраќајки низ Македонија

Возач од Охрид загина, пет лица се тешко повредени, а уште две се полесно повредени во пет сообраќајни несреќи што се случија во неделата низ Македонија.
Сообраќајката во којашто едно лице загина, а меѓу повредените има и дете се случила во неделата наутро околу 7.30 часот на автопатот Тетово – Скопје, кај Смилковското езеро. Автомобил „БМВ Х6“ со охридски регистарски ознаки излетал надвор од коловозот, удрил во метални еластични одбојници, се извртел со возилото и запрел на локалниот пат село Смилковци – населба Бутел.Во несреќата на лице место почина возачот на автомобилот, педесет ишестгодишен охриѓанец, а дваесет идвегодишно момче и дванаесетгодишно дете од Охрид со тешки повреди се пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Две сообраќајки се случиле во Битола, а пешакот кој е повреден во едната сообраќајка се наоѓа во кома. Оваа сообраќајка се случила во неделата вечерта околу 21.40 часот на крстосницата од улиците „Македонски Гемиџии“ и „Даме Груев“, кога автомобил „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки удрил во педесет ипетгодишен пешак од Битола кој се наоѓа во кома во Клиничката болница во Битола.Другата сообраќајка во Битола се случила на улица „Скоевска“ меѓу автомобил „застава 750“ со битолски регистарски ознаки и автомобил „даеву тико“. Возачот на „застава“-та се здобил со тешки повреди, а другиот возач со полесни повреди.На магистралниот пат Радовиш – Штип во неделата околу 11.40 часот автомобил „цитроен берлинго“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Црвен крст Куманово, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата со тешка телесна повреда се здобила сопатничката осумнаесетгодишна сопатничка која е пренесена и задржана на лекување во Клиничката болница Штип.Осумдесет ишестгодишен тетовец е полесно повреден во сообраќајка што се случила во неделата наутро околу 5.30 часот на булеварот „Илинден“ во Тетово. Во несреќата се судриле автомобил „пасат“, велосипедистот и еден паркиран „голф“.Извршен е увид и се утврдуваат причините за зголемениот број на сообраќајки што се случија викендов./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.