Вести
Убедлива победа на Абе на изборите во Јапонија

Владејачката коалиција на досегашниот јапонски премиер Шинзо Абе оствари во неделата убедлива победа на предвремените парламентарни избори, меѓутоа се покажа дека се точни предвидувањата за слабиот одѕив на избирачите што може да го обезвредни најавениот мандат на Абе посветен во прв ред на заживувањето на економијата.
Владејачката коалиција на досегашниот јапонски премиер Шинзо Абе оствари во неделата убедлива победа на предвремените парламентарни избори, меѓутоа се покажа дека се точни предвидувањата за слабиот одѕив на избирачите што може да го обезвредни најавениот мандат на Абе посветен во прв ред на заживувањето на економијата.
Шинзо Абе последните денови од кампањата мина 14 илјади километри, порачувајќи дека од прва рака да ги слушне размислувањата на граѓаните за продолжување на неговата економска програма којашто медиумите ја нарекоа „абеномија“, односно сопирање на дефлација и раст на економијата. Меѓутоа, според аналитичарите, недоверливи во однос на стратегијата на Абе и исто толку недоверливи кон опозицијата дека може да излезе со подобар план, избирачите избрале да останат дома.
Според излезните анкети, либералните демократи на Абе и нивите коалициски партнери партијата Комеито, освоиле повеќе од 317 од 475 места во долниот дом на јапонскиот парламент, доволно да ја задржат големата превласт. Излезноста, како што изгледа, е рекордно ниска, можеби и пониска од изборите во 2012 година кога изнесуваше 59,3 отсто. Право на глас имаат речиси 105 милиони Јапонци кои требаше за 475 пратеници да избираат меѓу 1.191 кандидати.
Економската програма „Абеномија“ започна да се спроведува пред две години и таа стратегија во почетокот даде позитивни резултатите, како пад на јенот што им одеше во прилог на јапонските извозници, враќање на умерената инфлација и обновување на економскиот раст, но набрзо ја загуби силата и Јапонија падна во рецесија трет квартал во 2014 година.
Главната опозициската Демократска партија на Јапонија (DPJ), чиешто владеење во периодот од 2009 до 2012 година избирачите ја паметат по лошо, неславно мина и на овие избори, па според излезните анкети ќе има малку повеќе од сегашните 62 пратенички мандати,м но значително помалку предвидените 100.
Шинзо Абе е седмиот јапонски премиер во последните осум години. Економијата на земјата, тратата најголема во светот, веќе две децении се бори со стагнација, а 15 години со дефлацијата. Во комбинација со фактот дека јапонското општество најбрзо старее на планетата и дека му опаѓа продуктивноста, секој јапонски премиер е соочен со тешки предизвици и за него времето претставува луксуз./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.