Забава
Брук Шилдс – слика на елеганција во црн фустан без ракави

Брук Шилдс во понеделникот зачекори на црвениот тепих на модната гала вечер на корпортаивиот фонд Линколн Центар во Њујорк.
Помалку од 24 часа подоцна Брук Шилдс беше повторно во својата најдобра верзија за причина блиска до нејзиното срце: настан организиран од Институтот за деца – 2019 Child Mind Institute Advocacy Dinner – што се одржа во Мидтаун Менхетен.
Меѓу присутните за прославата на 10-годишнината од доделувањто на наградите се најдоа Мери-Кејт Олсен, Џеси Ајзенберг, д-р Рут Вестхајмер и домаќините на гала вечерта Али Вентворт и Џорџ Стефанопулос.
Шилдс (54) се одлучи за црн фустан без ракави, кој ја истакна нејзината фигура во комбинација со појас со потемна нијанса црно околу половината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Деми Мур за разочарување поради загубата на Оскарот: „Ќе беше прекрасно да победев“

Актерката Деми Мур (62) конечно откри како навистина се чувствувала откако го пропуштила Оскарот за најдобра женска улога оваа година, пишува Дејли Мејл. Мур не го криеше разочарувањето бидејќи Оскарот наместо неа и припадна на актерката Мајки Медисон.
„Секако дека физичкиот, човечки дел од мене кој има его се чувствува разочаран. Ќе беше навистина прекрасно да победев“, призна Мур.
Но, актерката тврди дека веќе претчувствувала дека 26-годишната Медисон ќе победи и му шепнала на филмскиот продуцент Џејсон Вајнберг за време на рекламите: „Мислам дека Мајки ќе победи“.
За време на преносот на церемонијата, Мур беше видена како му кажува нешто на Вајнберг веднаш откако Ема Стоун го прочита името на победникот.
„Не знам зошто го знаев тоа, но знаев. Бев потполно смирена и прибрана. Не бев уништена. Не чувствував ништо од тие тешки емоции. Само имав верба, и сè уште имам, во се што ќе се случи“, изјави Мур.
Забава
Нина Бадриќ се јави од Хвар: „Да се биде на островот во овој период од годината е благослов за мене“

Хрватската пејачка Нина Бадриќ неколкуте слободни денови ги искористи за одмор на море. Таа отишла на островот Хвар каде има викенд куќа.
Нина на Инстаграм објави фотографии од островот и опиша како е да се биде таму во овој период од годината.
„Да се биде на островот во овој период од годината е најголемата среќа за мене. Чувството на овој мир. Одлична недела за големите, малите и најважните работи во животот“, напиша таа.
Забава
Ако ви е тешко на работа, Меган Маркл има решение за вас

Меган Маркл, војвотката од Сасекс, ги повика жените кои се соочуваат со исцрпеност на работа да „бидат храбри и да побараат помош“ во најновата епизода од нејзиниот поткаст Confessions of a Female Founder. Зборувајќи со нејзината пријателка Решма Сауџани, основач на организацијата Girls Who Code, 43-годишната Меган ја истакна важноста да се стави сопственото здравје на прво место.
„Храброста што ѝ е потребна на една жена-основач, кога е на тоа патување, во таа секојдневна борба и кога поставува одредени очекувања… Храброста што е потребна за да се каже „ми треба помош“ или „ми треба пауза“ е огромна“, рече Меган.
Меган додаде дека „нема шанси да продолжите да бидете пример за младите жени ако тоа не го правите со целосна автентичност бидејќи сте блиску до изгорување“. Таа потоа цитираше дело од книгата за деца „Момчето, кртот, лисицата и коњот“.
„Цитатот гласи: „Која е најхрабрата работа што некогаш сте ја кажале?“, го праша момчето. „Помош“, рече коњот.
Поради оваа изјава Меган е мета на потсмевни коментари со оглед на тоа дека на некој исто толку привилегиран како неа му е многу полесно да побара помош или да се одмори од работа. За повеќето „обични“ луѓе, живеат од плата до плата, идејата за пауза е речиси незамислива.