Македонија
Заев – Кодели: Се менуваме како држави и имаме што да ѝ дадеме на Европа
Премиерот Зоран Заев се сретна со делегација од пратеници од албанскиот Парламент, предводена од претседателката на Комисијата за надворешни работи, Мими Кодели.
Како што информираат од владината прес-служба, на средбата била изразена силна поддршка за политиките на премиерот за развој на државата и за градење пријателства со соседите.
„Ние покажавме дека со позитивните промени и лидерства, се менуваме како држави во регионот и низ политиките на изнаоѓање решенија, на пријателства и на соработка, имаме што да ѝ дадеме на Европа и дека сме дел од Европа. Ќе ја продолжиме динамиката на регионалната соработка со насочување на институциите поактивно да соработуваат и низ олеснувањата на процедурите за премин на граничните премини, како што е проектот one stopshop. Да продолжиме со реформите, посебно во правосудството. Парламентите се многу важни во носењето позитивни одлуки за граѓаните“, нагласил премиерот на средбата.
На средбата се разговарало за реформите во правосудството и за можноста за размена на искуства со цел ефикасни правосудни системи, а исто така било констатирано дека добрите односи меѓу премиерите на двете држави придонесуваат во унапредувањето на правата на македонското национално малцинство во Албанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

