Спорт
Подолски се враќа дома – во Горник Забрже?
Германскиот фудбалски интернационалец Лукас Подолски (34) се чини дека нема да има подобра шанса да си ги исполни детските соништа – да заигра за клубот за кој навише во младоста – полски Горник Забрже.
Свесни за тоа се и челниците на клубот, па се обиделе да го наговорат Подолски веќе во јануари да потпише договор со клубот.
Полските медиуми информираат дека јапонски Висел Кобе, чиј член е Подолски, нема намера да му го продолжи договорот, кој истекува на последниот ден од 2019 година.

Фудбалерот изрази желба да се врати во Европа по две години поминати во Јапонија.
Неколкупати досега светскиот шампион со „панцирите“ од 2014 година изјавува дека му е желба во Забрже да ја заврши кариерата, место во непосредна близина каде што е роден.
„Никогаш нема да речам категорично – не, но на сите им е јасно дека многу фактори мора да се поклопат за да дојде до мој ангажман во Горник“, изјави Подолски минатата година.
Полските медиуми известуваат дека тој е многу приврзан за својата прва татковина, па често оди во посета на семејството. Голгетерот планира во Полска да го прошири и својот бизнис – угостителството. Тој поседува неколку ресторани и пабови во Келн, клубот со кој доби светска слава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Барселона лесно се справи со Бетис
Барселона убедливо победи во едно од дербињата на 15-то коло од Ла Лига. Во Севилја го победи Бетис со 5:3.
Се чинеше дека Барселона може да се лизне во Севилја против Бетис. Ерупција на воодушевување донесе голот на Антони во петтата минута. Барселона одоговори експресно со два гола на Феран Торес во 11-та и 13-та минута.
Барселона не застана тука. Напротив, во 31-та минута, Педри беше во улога на асистент, а Бардаги совршено ја контролираше топката, а потоа од 15 метри го погоди блискиот агол на голманот Валхес.
До крајот на првото полувреме, Барселона веќе го обезбеди триумфот, во 40-та минута имаше малку среќа, Торес шутираше, топката се одби од противничкиот играч и заврши во мрежата на домашниот тим.
Во продолжение, Барселона постигна петти гол, во 57-та минута беше досуден пенал за гостите, по прегледаното ВАР видео, а Ламине Јамал погоди за 1:5.
До крајот на натпреварот, има уште три детали што вреди да се споменат, пред сè оној од 85-та минута кога Љоренте го постигна вториот гол за Бетис, а потоа и неверојатното промашување на Рашфорд кој, минута подоцна, сам се најде пред голманот на Бетис и шутираше покрај голот од десетина метри.
Во 90-та минута, Кунде направи пенал, а Кучо Ернандез сигурен за конечни 3:5.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Ливерпул во Лидс испушти 0:2 и 2:3, Танака во 96-та погоди за 3:3
Спектакуларно второ полувреме одиграа Лидс и Ливерпул во Премиер лигата. Ливерпул не може да излезе од кризата, против Лидс не им беше доволна предноста од 0:2 и 2:3. идес освои бод во 96-та минута кога Танака го постигна голот за 3:3.
По првиот дел во кој немаше голови, навивачите на „Елан роуд“ присуствуваа на вистински спектакл. Ливерпул постигна два гола во интервал од 120 секунди. Екитике погоди во 48-та и 50-та минута.
Лидес одговори идентично, во 73-та погоди Калвер-Лувин од пенал, а изедначи Стач во 75-та минута.
Нова предност на Ливерпул му донесе Собослај во 83-та минута. Но „црвените“ не успеаја да победат. „Елан роуд“ во делириум го фрли Танака со голот за конечни 3:3 во 96-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
Интер го декласира Комо
Фудбалерите на Интер убедливо го победија Комо со 4:0 (1:0) во натпреварот од 15-то коло на италијанската Серија А.
Момците на Кристијан Киву, слободно може да се каже, го декласираа тимот на Сеск Фабрегас, најпријатното изненадување во досегашниот тек од сезоната.
Веќе во 11-тата минута, Лаутаро Мартинез ги доведе „нероазурите“ во водство и го најави триумфот на домашниот тим.
Комо се држеше максимално во првото полувреме, имаше неколку можности за израмнување, а потоа гостите се распаднаа во продолжението.
Маркус Тирам ја удвои предноста на Интер во 59-та минута, а точно на истекот на 80-та минута, Хакан Чалханоглу, во свој стил, од работ на шеснаесетникот го зголеми резултатот на 3:0.
Конечниот резултат го постави Карлос Аугусто во 86-та минута.
Интер ја забележа 10-та последователна победа во лигата над Комо, кој не постигна гол во претходните пет меѓусебни средби.
По овој натпревар Серија А, повторно има нов лидер, барем додека Милан не го одигра својот натпревар.
Foto/ EPA

