Спорт
Ливерпул го шири „Енфилд“ за 6.000 места

Фудбалскиот шампион на Европа, тимот на Ливерпул, планира да го прошири својот стадион „Енфилд“ на 60.000 места, пренесуваат британските медиуми. Од клубот поделиле повеќе од 5.000 летоци за да ги повикаат локалните жители на јавни дебати, каде што ќе се презентира идејата за проширување на стадионот.
Челниците на клубот сметаат дека побарувачката за домашни натпревари на тимот на Јирген Клоп значително го надмина сегашниот капацитет на стадионот од 54.000 седишта. Особрно побарувачката е зголемена кога „црвените“ стигнаа до титулата во ЛШ, а сезонава се и на добар пат да дојдат до трофејот во Премиер лигата.
Идејата доаѓа откако ривалите на Ливерпул (Тотенхем и Арсенал) изградија нови стадиони, а Манчестер сити и Манчестер јунајтед ги надградија постојните фудбалски храмови.
„Енфилд“ последен пат се надградуваше пред 3 години, а тогаш за таа намена беа потрошени околу 130 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Недеви на карате семинар во Виндзор, Англија

Македонските каратисти предводени од Венцислав, Дејан и Аљоша Недеви викендов учествуваат на врвен карате семинар во Винздор, Англија.
Семинарот го водат Такаши Оиши 9 дан, шеф инструктор на Јапонија и повеќекратен светски шампион во традиционално карате во ИАКФ/ИТКФ. Масао Кавазое 8 дан, шеф инструктор на Англија и Такаши Наито 8 дан, шеф инструктор на Италија.
Сите тројца се врвни карате мајстори членови на ИТКФ и ЈКА едни од првите и најмасовните карате организации во светот. Дејан Недев и овој пат беше еден од главните асистенти на карате семинариот во Винзор. На семинарот учествуваат над 500 каратисти од цел свет, а Македонија ја преставуваат: Камелија, Филип и Тадеј Недеви.
Спорт
(Видео) Најлошиот натпревар во кариерата на Никола Јокиќ – ова никогаш не му се случило на трикратниот МВП на НБА

Денвер Нагетс на Никола Јокиќ ги победија Оклахома Сити Тандер со 113:104 и поведоа со 2-1 во полуфиналето на Западната конференција, но центарот на тимот од Колорадо нема да го памети добро овој натпревар.
Јокиќ го заврши натпреварот без ниту една тројка, иако упати десет удари кон противничкиот кош.
Не е прв пат центарот на тимот од Колорадо да го заврши натпреварот без ниту една тројка, но му се случи за прв пат да не помине топка низ обрачот по десет обиди.
Досега, Јокиќ имаше најмногу промашени шутеви, осум, на 10 март 2022 година, против Голден Стејт Вориорс.
Спорт
Драма во Шпанија: Тренерот на Жирона итно префрлен во болница

Фудбалскиот тренер на Жирона, Мичел Санчез, напиша на социјалната мрежа X дека е хоспитализиран, но не ги наведе причините поради кои е примен во болница.
„Морав да бидам хоспитализиран и ќе бидам под лекарски надзор неколку дена“, напиша Санчез, додавајќи дека се чувствува добро и со нетрпение очекува да се врати на клупата.
Поради здравствената состојба, Санчез нема да го предводи тимот на натпреварот против Виљареал во сабота. Жирона моментално е на 15-то место на табелата, шест бода над зоната за испаѓање, а до крајот на првенството остануваат уште четири кола.
Ниту клубот, ниту тренерот не објавија повеќе детали за неговата здравствена состојба.
„Се чувствувам добро, под надзор сум на лекар и ги бројам деновите до враќањето на работа за да можеме да ја продолжиме борбата до крајот на сезоната. Ќе бидам отсутен од теренот, но во постојан контакт со стручниот штаб“, рече Санчес.
Минатата сезона, Санчез го предводеше каталонскиот клуб до историско трето место во шпанското првенство. Сепак, тимот се соочи со проблеми оваа сезона откако клучни играчи го напуштија клубот за време на летниот преоден рок, па Жирона е само 15-та на табелата со 38 бода, и сè уште не ја надминала борбата за опстанок.