Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Заев и Спасовски во МВР спроведуваат партиско-политичка чистка
„Овие документи што ги држам се најдобриот доказ дека Зоран Заев и Спасовски во МВР спроведуваат партиско-политичка чистка. Не ги интересира ниту ветинг, ниту систем на кариера. Нив само ги интересира инсталирање на послушници со цел да го заштитат криминалот што сами го правеа, но и криминалот на нивните соработници. Затоа, како што кажавме, оние кои работат по закон, а не по политичките наредби на Спасовски, се целосно деградирани и шиканирани. Спасовски и Заев ги казнуваат со незаконско прераспоредување, во најголем број од случаите и многу подалеку од местото на живеење“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова пред малку што ви го покажав е една пресуда, донесена пред две недели со која наредбите на Спасовски се прогласени за незаконски, бидејќи со нив се повредуваат правата од работниот однос. Со судска одлука на МВР му се наложува да го врати тужителот на претходното работно место. За целиот процес МВР треба да исплати 60.000 денари.
Во вториот случај, имаме мислење од народниот правобранител, според кое се злоупотребува институтот ‘НАРЕДБА’. Само да напоменеме дека полицискиот службеник кој се жалел е распореден на оддалеченост oд приближно 200 километри кои треба да ги минува секој ден во два правци. Дури и внатрешната контрола да го покрие срамот и да спречи поскапи судски процеси и констатира дека наредбите се незаконски. По предметот постапувал и државниот трудов инспекторат“, додаде тој.
Според Ѓорѓиевски, вакви тужби и предмети има стотици и илјадници. Спасовски свесно и намерно ја крие бројката, бидејќи не сака да се дознае и колкава материјална штета му предизвикува на МВР, освен што целосно го урниса угледот и ефикасноста на оваа институција. Милиони евра годишно се трошат само заради желбата за одмазда и намерата полицијата да се претвори во партиски орган на СДСМ.
„Ваквото однесување на Спасовски и неговите послушници не смее да мине неказнето. По 12 април правото и законите ќе важат подеднакво за сите и никој нема да може да избега од одговорноста. Затоа, ги повикуваме и ги охрабруваме сите чесни професионалци во МВР кои се нашле на удар на Спасовски изминативе недели, месеци и години да не се разочаруваат и да бараат правда. Тие треба да тужат и да се борат за сопствените права. Правните тимови на ВМРО-ДПМНЕ им стојат на целосно на располагање.
Молкот вообичаено значи одобрување, но молкот на Заев и Спасовски во врска со скандалозната систематизација и скандалозните вработувања пред избори значи признание. Признание дека ја немаат поддршката на граѓаните, дека губат и дека се подготвени да направат сè само за да ја намалат разликата. Подготвени се да го изиграат договорот од Пржино и да ја доведат во ризик безбедноста на изборите. Затоа повторно предупредуваме да се откажат од плановите за нова систематизација и нови вработувања на само еден месец пред формирање на техничка влада. Единствено што ќе постигнат е тоа што нивните послушници и соработници ќе ги вовлечат во криминал за којшто подоцна ќе одговараат. Претстои обнова на Македонија по 12 април“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.
Македонија
Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација
Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека досега повеќе од 150 македонски државјани, ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, околу можностите за евакуација.
Со сите нив се одржува постојан контакт и доколку се пријават за евакуација ќе се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција за нивно безбедно враќање, наведуваат од МНР.
– Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи, велат од Министерството.
Поради ситуацијата на Блискиот Исток, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија од вчера функционира кризен штаб кој е на 24 часовно располагање на граѓаните за сите информации.
За дополнителни информации и помош, на располагање се:
СОС дежурен телефон (МНРНТ):
075/273-732
Амбасада на Република Северна Македонија во Доха
Тел: +974 50 173 111
Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби
Тел: +971 56 441 7532
Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566
Тел: +972 54 967 0546.
Македонија
Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше на можност за самоубиство од страна на малолетен корисник.
Полицијата веднаш ги презеде сите неопходни мерки за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето, кое за кратко време беше пронајдено. Малолетникот е во добра состојба, а родителите се известени и запознаени со понатамошните чекори за негово ментално здравје.
Овој настан уште еднаш ја нагласува важноста од внимателно следење на однесувањето на младите во дигиталниот простор. Родителите треба редовно да комуницираат со своите деца, да се интересираат за нивните активности на социјалните мрежи и да реагираат веднаш при забележување загрижувачки објави или несвојствено однесување – апелираат од Секторот за компјутерски криминал.
Апел е упатен и до пријателите, соучениците и сите корисници на социјалните мрежи: доколку забележат објави што упатуваат на самоповредување, безнадежност или најави за самоубиство, веднаш да ги искористат механизмите за пријавување на платформата или да известат родител, наставник или најблиска полициска станица.
-Навремената реакција може да спаси човечки живот. Секторот за компјутерски криминал ќе продолжи со засилени активности за рано откривање и превенција на ризични појави во дигиталниот простор, велат од МВР.

