Македонија
Во Германија уапсен Јетон Љужа, третообвинетиот за убиството на Саздо
Во Хамбург вчера германската полиција го уапсила Јетон Љужа, третообвинет за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски – Саздо во Автокоманда минатата година, дознава „Макфакс“.
Тој се наоѓа во екстрадициски притвор, а по него беше распишана меѓународна потерница. Германските власти треба да одлучат по барањето за негова екстрадиција и да им го предадат на македонските власти.
Обвинителството го гони Љужа за кривично дело убиство на свиреп начин.
Во април годинава Кривичниот суд ги осуди Бесир Беља и Скендер Демири на 19 години затвор за убиство на 20-годишниот Никола Саздовски – Саздо. Третообвинетиот беше во бегство и не беше достапен за надлежните органи. Осудените треба да им исплатат и парична отштета за душевна болка на членовите на семејството на Саздовски.
Според Кривичниот суд, обвинетите, кои дејствувале заедно, се виновни затоа што на свиреп начин го лишиле од живот Никола Саздовски.
Според обвинителниот акт, на 29 јуни 2018 година, околу 17.45 часот, на булеварот Александар Македонски во Скопје, на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“, тројцата му пристапиле на оштетениот и му побарале лична карта. Кога оштетениот им ја покажал личната карта, обвинетите неочекувано почнале заедно истовремено да го удираат со боксови во пределот на главата и градите. Од силните удари оштетениот загубил рамнотежа, паднал на тротоарот, по што обвинетите без милост, истовремено и со силни удари продолжиле со клоци да го удираат по главата и градите по што тој паднал во кома. Како резултат на повредите, на 9 јули 2018 година Саздовски починал на скопската Клиника.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

