Регион
Вучиќ: Му реков на Заев дека нема да има преговори

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, на прес-конференцијата со македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој денеска беше во прва официјална посета на Белград, истакна дека не сака ЕУ и натаму да се однесува кон земјите од регионот како со кукли на конец.
Најави и дека од него нема да чујат ништо лошо за другите во регионот, туку само дека сите се прекрасни соседи и прекрасни луѓе.
На прашањето што може да значи францускиот нон пејпер за Србија и Северна Македонија, вели дека сите земји чекаат да станат членки на ЕУ и дека тоа не е спорно, но дека тие во Брисел не знаат што точно да прават со нас.
„Кој и да каже нешто друго би ве излажал. Зборував со Заев во Нови Сад дека нема да има отворање пристапни преговори, а тој ме уверуваше дека му ветиле и се виде што било“, нагласи Вучиќ.
Српскиот претседател рече дека со Северна Македонија, пред сè, поради преспанскиот договор, ќе се отворат преговори во март или мај во Загреб, но дека се поставува прашањето што потоа. „Ќе имате 15 дена да се фалите на телевизија дека се отворени преговорите. Но, што потоа“, праша Вучиќ.
Тој порача дека земјите во регионот мора да работат и да се договараат за напредување во иднина, да отвораат повеќе автопатишта, пруги, да се поврзуваат и да покажат повеќе почит едни кон други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Хорор во Хрватска: полицаец десет години ја силувал и ја нудел партнерката на други мажи

Загрепската полиција пријави 45-годишен полицаец осомничен дека десет години сексуално ја злоупотребувал својата вонбрачна партнерка и ја подведувал на руги мажи, меѓу кои и двајца, кои исто така биле пријавени за кривични дела против сексуалната слобода.
Полициската управа (ПУЗ) во Загреб соопшти дека спроведе кривична истрага против полицаецот за повеќе кривични дела против сексуалната слобода и бракот, семејството и децата и против двајца мажи за кривични дела против сексуалната слобода.
Осомничениот полицаец веќе бил отстранет од службата поради сомнение дека сторил тешка повреда на службената должност.
По завршувањето на кривичната истрага, тројцата осомничени се предадени на притворниот надзорник и кривично пријавени во државното обвинителство.
Од полицијата нагласуваат дека не може да соопштат повеќе детали само поради заштита на достоинството на жртвата и секундарната виктимизација, пренесува „Хина“.
Посочуваат дека довербата на жртвата е првиот чекор кон одлуката за пријавување на криминално однесување и дека полицијата секогаш со апострофиран однос на нулта толеранција кон насилството презема мерки и дејства од нивна надлежност.
Според медиумите, сега веќе поранешниот полицаец ја силувал својата вонбрачна партнерка речиси 15 години и ги повикувал своите познајници сексуално да ја нападнат.
Регион
(Видео) Орбан го поддржа Вучиќ: „Вашата борба е и наша“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати порака со поддршка до српскиот претседател Александар Вучиќ во која порача дека српските патриоти можат да сметаат на унгарските патриоти.
„Почитуван Александар! Почитувани српски патриоти! Поздрав од Будимпешта. Со месеци следиме што се случува во Србија. Странските сили се обидуваат да се мешаат во животот на Србите. Тоа се случува и овде. Странските сили сакаат да им кажат на Србите како треба да живеат. Истото го прават и овде“, рече Орбан во видео пораката.
🇷🇸🇭🇺 @PM_ViktorOrban: Стране силе хоће да кажу Србима како да живе!
„Драги Александре! Драге српске патриоте! Поздрављам вас из Будимпеште. Већ месецима пратимо шта се дешава у Србији. Стране силе покушавају да се умешају у животе Срба. Ово се дешава и код нас. Стране силе хоће… pic.twitter.com/3ibEl8uNMh
— Народни непријатељ 🇷🇸 (@PrijateljNaroda) April 10, 2025
Тој додаде дека странските сили постојано ги напаѓаат оние кои се залагаат за суверенитетот на Србија, јавуваат белградските медиуми.
„И за тоа не напаѓаат. Гледаме дека не се откажувате, гледаме дека се борите храбро, бидејќи сакате суверена Србија. Не сте сами – вашата борба е наша борба. Српските патриоти можат да сметаат на унгарските патриоти. Да живее претседателот Вучиќ, да живее Србија“, рече Орбан.
Регион
Додик: Нема да поднесам оставка, ниту да ја напуштам Република Српска

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска за руската државна агенција ТАСС изјави дека не размислувал за оставка и дека нема да ја напушти Република Српска.
„Никогаш нема да поднесам оставка под притисок. Ќе ја напуштам политичката сцена само кога граѓаните на Република Српска ќе одлучат дека е време да си одам“, изјави Додик, пренесуваат сараевските медиуми.
Тој додаде дека „сигурно нема да ја напушти РС“, бидејќи, како што рече, „има сè – неговото семејство и неговите најблиски“.
„Таму се чувствувам добро“, истакна Додик, додавајќи дека е посветен „да се залага за Република Српска и да се бори за секој нејзин агол“.
Тој рече дека властите на РС „не се милитаристи, ниту се бунтовничка група и нема од што да се плашат“.
„Законот е на наша страна и се врши очигледна и широко распространета злоупотреба од политичарите во Сараево, особено оние босански муслимани кои се посветени на политичкиот ислам, кој тие го промовираат на овие простори веќе три децении“, рече Додик.
За Додик, премиерот на РС, Радован Вишковиќ и претседателот на Собранието на РС, Ненад Стевандиќ, по налог на Судот на Босна и Херцеговина е издадена внатрешна потерница, бидејќи тие се под истрага за напад на уставниот поредок на Босна и Херцеговина.
На 26 февруари, Додик во прв степен беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење политичка функција за кривичното дело неисполнување на одлуката на високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит.