Свет
Берлускони заврши во болница, падна додека правеше селфи на конгресот на ЕПП во Загреб
Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, се повредил на конгресот на Европската народна партија во Загреб. Поради тоа, по враќањето во Италија, веднаш бил примен во болница во Милано, пишува весникот „Кориере дела сера”.
Лидерот на партијата Форца Италија, на барањето на некое лице во Загреб, кое сакало да се фотографира со него и додека го правеле селфито, Берлускони паднал и го нагмечил колкот. Тој се вратил во Милано по завршувањето на конгресот и вднаш побарал лекарска помош.
При прегледот во клиниката во северниот италијански град не била утврдена никаква фрактура, туку само хематом на колкот. Берлускони неколку дена ќе остане под будното око на лекарите во болницата.
Партијата денеска преку соопштение ги демантира шпекулациите дека тој требало итно да биде транспортиран од Загреб до Милано поради падот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Иран почна нов бран напади
Иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека лансирал нов бран ракети и беспилотни летала кон земјите во регионот.
Облаци од чад се издигаа од област во близина на пристаништето во Абу Даби откако моќни детонации одекнаа над градот. Не е јасно што ја погоди областа.
Zayed Port in Abu Dhabi, UAE hit by Iranian strikes. pic.twitter.com/RUojLGQ087
— Shalinder Wangu (@Wangu_News18) March 1, 2026
Претходно, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos

