Македонија
Богдановиќ: За две години го вративме долгот од 4,5 милиони евра
За две години го вративме долгот од 4,5 милиони евра, обезбедуваме повеќе зеленило во Општина Центар, изјави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, на прес-конференција давајќи отчет за сработеното во општината.
„Едно од клучните наши ветувања беше забраната за издавање, односно неизвршување на плановите коишто не беа услогласени со параметрите на ГУП-от и не беа преземени оние елементи коишто придонесуваат на хуман начин на живеење. Да напоменам на 27 декември 2017 година со одлука на Советот на општина Центар, 31 ДУП беа ставени на одлука за неизвршување, или познато како мораториум.
До тогаш веќе се донесени 4 ревидирани ДУП-ови, и се донесени едногласно од сите советници, и разликите ги презентиравме, со секои план како што го носевме, не само пред граѓаните на средбите кои што ги имаме, но и преку јавните анкети, дискусии и преку сите можни алатка за ифнормирање, за да можат граѓаните да се информираат што е тоа што ќе се случува во нивите населби.
Во наредниот период интензивно ќе се донесат и останатите Планови, бидејќи скоро со сите сме на крајот на нивното извршување.
Сакам да напоменам, дека во сите оние Планови коишто се донесени конечно се задржани сите зелени површини, насекаде каде што се предвидувале згради и хотели ги менуваме со паркови и детски игралишта, нешто што досега никој го нема уцртано.
За прав пат, населбата Пролет ќе добие градинка, место кои досега никој се нема капитално зинимавано. На местот на Мирче Мацан, каде што беше предвиден Хотел пред самиот олимписки базен го направивме со градот Скопје, познатиот пам трак. Во ново маало, зградите каде што беа една до друга, сега се оддалечени и решавање на зеленилото во самите објекти 20%, новиот закон го практикуваме од 2018 година за урбано зеленило, беа дополнети со нови паркови и игралишта, и ова се ќе следува и во новите Урбанистички Планови.
Општината ја преземавме со долг околу 4,5 милиони евра, од кои 2 милиони евра долг како обврски према добавувачи и 2,5 милиони евра од судски пресуди. И покрај тоа што имавме мораторим и главното финансирање на општината е преку издавање дозволи за градење или комуналии. Ние успеавме да ја исчистиме општината од долгови без финансиска помош, и денес не должиме и на сметкака имаме околу 150 милиони денари, и го завршивме најголемиот капитален проект досега направен во нашата општина, а тоа е ОУ Киро Глигоров, кое што во изминатава година и нешто го исплативме со 140 милиони денари од сопствени средства, а другите се од кредит.
Како што напоменав оваа година го завршивме новото ОУ Киро Глигоров во Капиштец на површина од 12.000 метри квадратни, со двор од 4.100 метри квадратни, со посебна фискултурна сала која што е единствена во овој простор по ФИБА стандарди, што значи дека сите ФИБА натпревари може да се одиграат на територија на нашата држава и тоа токму во оваа сала. Училиште со антибактериски подови, акустични плафони, модерни училници каде што има подно греење, ботаничка градина и нормално сите оние елементи коишто се потребни за нормално изучување и е прво инклузивно училиште во кое што ќе бидат сместени децата со детска парализа.
Имавме реконструкција на матичните објекти, клоновите на градинките, онаму каде што има потреба, три целосно реконструирани занимални во градинката Кочо Рацин, клон Багремар. Се реконстуираат објектите во Раде Јовчевски -Корчагин, клонот Палешка и Пепелашка, а во градинката Корчагин поставен е нов паркет и заменети се прозорците со нови.
Од основните училишта, во 11 октомври го средивме партерното уредување и реконструкција на тоалетите. ОУ Гоце Делчев доби доградба со тотално нови 8 училници и опремен простор од 552 метри квадратни како и нова енергетска ефикасна фасада, со што конечно го средивме изгледот на едно од постарите училишта во општина Центар. ОУ Димитар Миладинов доби нова енергетски ефикасна фасада и фасадна столарија и термоизолационен кров, и наскоро ќе се смени и паркетот во фискултурната сала.
ОУ Кочо Рацин доби реконструиран цел партер и изведено е ново мултифунцкионално детско фудбалско и кошаркарско игралиште. Години наназад децата од ОУ Кочо Рацин немаа надворешни терени каде да ги изведуваат своите спортски активности. Во ОУ Кирил и методиј ја завршивме новата спортска сала, обезбедивме нови прозорци и врати и целосно го преуредивме внатрешниот дел од училиштето и да напоменам дека ОУ Кирил и Методиј е првото основно училиште од осумте во општината во кое сите занимални, сите училници се покриени со прочистувачи за воздух. Во училиштето Јохан Хајнрих Песталоци, уреден е партерниот дел во дворот.
Во изминативе две години асфалтирани се 25 улици меѓу кои капитални, „Ѓуро Ѓоновиќ“ во населбата Маџир Маало реновирана после 50 години, проект кој чини околу 50 милиони денари. Целосно е заменета водоводната и канализациона мрежа и поставен е нов слој асфалт со нови паркинг места. Потоа, улиците „Петричка“,„Питу Гули“ „Ганчо Ханзи Панзов“ „Караорман“ „Бигла“ и така натака.
Поставени се четири нови водоводи на улицата „Кале- 360, 361, 364,365, и за првпат после 50 години за Кале можеме да кажеме дека ќе пијат чиста вода. Нови водоводни мрежи и на „Рилски конгрес“ локалитетот „Тасино чешмиче“ и улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“. Планираната реконструкција на „Орце Николов“ и изградбата на нова улица кај Геолошки завод веќе ќе стартуваат кон почетокот на следната година и тоа ќе бидат едни од најмодерните улици во државата, бидејќи ќе се применат нови „смарт“ методи во однос на паркирањето, мерењето на бучава и осветлувањето, а тротоарите целосно ќе бидат ослободени за пешаците и велосипедистите.
Сега на „Орце Николов“ имате паралелно паркирање, рестарни кои имаат некакви одобренија и со тоа го попречуваат нормалното движење. За првпат главната улица во Дебар маало ќе биде изведена така што ќе биде целосно ослободена и ќе биде во функција за луѓето кои живеат таму, но и луѓето кои користат алтернативен превоз.
Реконтруирани се 4, а предвидена е изградба на 3 нови детски игралишта во Блок 9 од Градски ѕид, градинка „13 ноември“ и ОУ „Кочо Рацин“ и со тоа можам да кажам дека повеќе од половина од игралиштата во општина Центар се целосно реновирани. Во текот на наредната година Центар ќе биде единствена општина во која сите детски игралишта ќе имаат нови содржини, ќе има терени за баскет и фудбал и ќе биде единствена општина каде секое маало ќе си има катче каде децата но и повозрасните ќе се рекреираат.
Во општинската хигиена имаме вработено 100 луѓе, а започнувајќи од декември, согласно буџетот за првпат ќе се воведе двосменско работење за луѓето кои ја одржуваат хигиената, а за првпат ќе се набават и возила. Општина Центар освен рачното чистење, ќе започне и со машинско чистење на јавните простори со што ќе се проближиме до модерните општини кои имаат и машнско чистење.
Започнавме со проект за субвенционирање на кровови и лифтови, досега субвенционирани се 26 објекти. Во делот на социјалата, освен доделувањето на основни парични средства кон социјално загрозени лица, ние сме првата општина каде започна проектот „Банка за храна“ односно нула глас во општина Центар. Тоа беа 150 семејства кои немаа ниту еден оброк днвено, но со пакетите кои ние ги доделуваме и благодарение на општествено одговорните компании, Банката за храна и МТПС, сега тие добиваат месечн пакет со кој еднаш до двапати дневно можат да си приготват храна.
Морам да го напоменам и проектот „Цел Центар на точак“ кој беше револуционерен во општина Центар но сега го преземаат и другите општини и тоја се продолжува. Над 500 велосипеди, тротинети се доделуваат секоја година и со тоа го стимулираме користењето на алтернативниот превоз со што придонесуваме нашите граѓани да ги менуваат навиките и со тоа да влијаеме на животната средина и на сообраќајниот метеж“, рече Богдановиќ во отчетот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата
Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.
Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

