Спорт
Замрзната плата во Наполи – Кулибали, Инсиње, Мертенс и Каљехон на трансфер листа
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис ја замрзна исплатата на плати на тимот и сака да ги продаде најголемите ѕвезди на тимот. Тој пред 3 недели нареди тимот да остане во карантин по мечот од ЛШ против Салцбург, по што го дигнаа гласот дел од најискусните фудбалери. Не го послушаа газдата и го напуштија карантинот.
Извештаите беа дека фудбалерите ќе бидат казнети со 5 отсто од платата, но потоа од управата ја искористиле законската опција, па процентот порасна на 25.
Македонскиот фудбалски репрезентативец кој е дел од Наполи, Елиф Елмас според информациите, ќе остане без четвртина од својата плата од 1,5 милиони евра. Математиката вели дека Македонецот ќе биде покус за 375.000 евра.

Италијанските медиуми наведуваат дека била донесена одлука да биде замрзната платата за октомври, како и дека веќе е направен список на играчи кои ќе го напуштат клубот.
Како „пучисти“ се означени Калиду Кулибали, Алан, Лоренцо Инсиње, Дрис Мертенс и Хозе Каљехон.
Медиумите информираат и дека тренерот Карло Анчелоти веќе се смета како „екс“ во Наепол, а од јануари на неговото столче би можел да седне Џенаро Гатузо.
Информациите засега протекуваат од играчите, кои не се осудуваат јавно да зборуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Арсенал остави два бода кај последно пласираниот Вулверхемптон
Лидерот во Премиер лигата, Арсенал, вечерва, остави два бода кај поседно пласираниот Вулверхемптон. „Топџиите“ водеа 2:0, на крајот „Волците“ дојдоа до 2:2.
Бидејќи Арсенал обезбеди директен пласман во осминафиналето, во Лигата на шампионите, решија порано да го одиграат натпреварот од 27-то коло во Премиер лигата.
Она што за лидерот требаше да биде рутина, на крајот се претвори во кошмар, кога Калафјори во 94-та минута си постигна авто-гол и ги постави конечните 2:2.
Се до 56-та минута се одеше според планот на Милел Артета. Букајо Сака го отвори резултаот во петтата минута. Откако во првиот дел Арсенал не искористи уште неколку добри шанси, предноста ја дуплираше во 56-та минута, преку Инкапије.
„Волците“ се вратија во натпреварот со прекрасниот гол на Уго Буено, во 61-та минута.
Артета се обиде да го затвори натпреварот и погреши. Казната дојде за неговиот тим во судиското продолжение, кога „Волците“ израмнија со многу среќа, по големо недоразбирање во одбраната на гостите, топката се одби од стативата и заврши во ногата на Калафиори, а пото а во мрежата.
Арсенал ега има пет бодови предност пред Манчестер Сити, но доколку „граѓаните“ го добијарт својот дуел од 27-то коло ќе му се доблиѓат на лидерот на само два бода. Вулвс се последни со само 10 поени и тие сигурно наредната сезона ќе играат во Чемпионшип.
Спорт
(Видео) Без победник во дуелот Милан-Комо
Фудбалерите на Милан и Комо одиграа нерешено 1:1 во возбудлив натпревар од 24-то коло од Серија А. Натпреврот беше полн со пресврти, тензии и драма, а го обележа црвениот картон што го доби тренерот на Милан Масимилијано Алегри.
Гостите од Комо го отворија натпреварот подобро и ги искористија грешките на своите ривали. По поништениот гол во 26-та минута поради прекршок, Комо поведе шест минути подоцна. Нико Паз казни една лоша реакција во одбраната на Милан.
Милан имаше неколку шанси за израмнување во првото полувреме. Во 30-та минута, Рафаел Леао се обиде, но голманот Жан Бутез одбрани, четири минути подцна тој се истакна и по обидот на Фикајо Томори.
Серхи Роберто (Комо) потоа имаше можност во 39-та минута, но Мењан не дозволи уште еднаш да биде совлада.
Второто полувреме донесе израмнување. Во 64-та минута, Рафаел Леао ја прими топката на работ од шеснаесетникот и со прецизен удар го совлада голманот Комо.
Како што натпреварот продолжуваше, растеше тензијата на теренот, а судијата Маријани делеше жолти картон, за Нико Паз, Жан Бутез, Јакоб Рамон и Рафаел Леао. Кулминацијата се случи во 81-та минута кога тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, беше исклучен поради протест.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Интер замрзна во Норвешка, Атлетико испушти 0:2 во Бриж, Баер победи кај Олимпијакос
Фудбалерите на Интер доживеаја пораз во Норвешка од Боде/Глимт, Атлетико на „мускули“ извлече реми (3:3) во Бриж, иако водеше со 2:0 и 3:2, а Баер Леверкузен победи во Пиреја кај Олимпијакос (2:0), во трите последни бража натпревари од првиот круг, за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.
Боде/Глимт не се шегува, откако во последното коло во првата фаза го победи Атлетио во Мадрид и се пласира во баражот, вечерва славеше во дуелот со Интер.
Играчите на Интер не се снајдоа во норвежките услови и на вештачката трева. Изненадувањето го најави Фет во 20-та минута. Интер во мечот го врати Пио Еспозито 10 минути подцна.
Во вториот дел блиц-криг на Норвежаните, два гола за три минути, во периодот од 61-та до 64-та минута. Стрелци беа Хег и Хауге.
Во Бриж, Атлетико делуваше неубедливо, но и покрај тоа имаше два гола предност на полувремето. Алварез погоди од пенал во осмата минута, а Лукман во четвртата минута од судиското надополнување на времето.
Бриж во мечот се врати експресно, преку Оњедика во 52-та и Тресолди во 60-та минута. Атлетико предноста ја врати со авѕо-голот на Ордонез во 79-та минута. Сепак пораз на Бриж спречи Цолис во 90-та минута.
Во Пиреја, Баер Леверкузен го направи клучниот чекор кон осминафиналето. На Олимпијакос му пресуди Чехот, Патрик Шик со головите во 60-та и 63-та минута.
Реванш натпреварите ќе се одиграат наредниот вторник.
Foto/ EPA

