Регион
(Видео) Најмалку тројца загинати и 150 повредени во земјотресот во Албанија
Најмалку три лица загинале, а 150 се повредени во земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала што синоќа во 3 и 54 часот ја погоди Албанија. Засега нема официјална потврда за бројот на жртви и повредени.
Најпогоден е градот Драч, каде е регистрирана голема материјална штета, а од јачината на потресот се урнале згради, а на некои места испукал асфалтот на улиците.
Dramatic views from Thumane, close Durres: a child saved after entire building collapsed. Reports of another 5 floor building collapsed. #Earthquake #Albania
Photo: Oligert Musta pic.twitter.com/EJQDNWroYg— Celik Rruplli (@Celikso) November 26, 2019
Powerful #earthquake with a magnitude of 6.4 hit #Albania at 3:54am causing several buildings to collapse. pic.twitter.com/jG7Im62RbK
— IntoAlbania (@intoalbania) November 26, 2019
Локалните медиуми јавуват дека се урнале најмалку две згради, а бројни жители останале заробени во урнатините. Едно лице згинало во Курбин откако скокнало од прозор од зграда, соопштило Министерството за одбрана.
Албанскиот премиер, Еди Рама, утринава пристигнал во Драч, кој е најпогоден од земјотресот.
H3:30 forte scossa 6.5 vicino Durazzo diverse repliche forti di cui una da 5.3.
Il Salento trema di riflesso.— PastalCapitano ?♀️? ????????????? (@PCapitano2) November 26, 2019
Засега нема детални информации за причинетата материјална штета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Запален автомобил што го користел градоначалникот на Мостар
Во Мостар синоќа беше запалено службено возило што го користел градоначалникот Марио Кордиќ. Инцидентот веднаш бил пријавен во полицијата, која спроведува истрага, изјави градоначалникот.
Кордиќ во својот пост објавен на социјалните мрежи нагласи дека го смета овој настан за резултат на организирано создавање негативна атмосфера.
„Во последно време сме сведоци на организирано создавање наратив на омраза и напади врз мојата работа само затоа што ги штитиме интересите на градот Мостар“, напиша Кордиќ.
Тој додаде дека таков наратив има свои последици и дека „овој настан јасно покажува каква е целта на оние што го поттикнуваат“. Тој рече дека тоа нема да го спречи да ги извршува своите должности.
„Жал ми е што дојдовме во ситуација каде што мора да бараме полициска заштита за да ги извршуваме нашите должности, но тоа нема да нè спречи. Продолжуваме посветено, одговорно и исклучиво да работиме во интерес на Мостар“, нагласи градоначалникот.
Тој најави дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите наоди по завршувањето на истрагата.
фото: принтскрин
Регион
Училиштата во Загреб алармираат: ученици разменувале експлицитни материјали од насилство на „Ватсап“ група
Неколку основни училишта во западниот дел на Загреб ги предупредиле родителите за содржини што ги разменувале ученици во „Ватсап“-група наречена „Луѓенца“, објави „Јутарњи“.
Според информациите, во групата се споделувале експлицитни сексуални материјали, нацистички симболи и фотографии со крајно насилен и вознемирувачки карактер. Директори на училиштата ги повикале родителите да обрнат поголемо внимание на активностите на своите деца на мобилните телефони.
Една мајка за која пишува „Јутарњи“ изјавила дека е згрозена кога дознала на каков материјал може да наидат децата, предупредувајќи дека многумина родители не знаат како да пријават несоодветна содржина на „Ватсап“. Училиштата, според весникот, најавиле дополнителна едукација за безбедно користење на интернет.
Психологот Јокиќ Бегиќ за „Јутарњи“ изјавил дека ваквите случаи укажуваат на сериозен пад на општествените норми и недостиг на контрола, нагласувајќи дека решението е навремена едукација и јасно одбивање на вакви содржини од страна на јавноста.
Од Град Загреб за „Јутарњи“ потврдиле дека станува збор за неколку училишта и дека случајот е пријавен во полиција. Оттаму апелираат родителите да ги следат активностите на своите деца на социјалните мрежи и да пријавуваат сомнителни материјали.
Директорка на едно од училиштата, чија порака ја пренесува весникот, навела дека слични содржини се делат и на „Снепчет“, предупредувајќи дека станува збор за одвратна и опасна содржина што може да го загрози менталното здравје и безбедноста на децата.
Регион
(Видео) Шокантна сцена во Дубровник: што се исфрли морето на брегот
Шокантни слики доаѓаат од Јадранот, каде што најпознатата плажа во Дубровник, Бање, е оставена покриена со ѓубре откако морето исфрлило големи количини отпад на брегот!
Жителите на Дубровник ги фотографираат и снимаат тажните сцени од познатата плажа, но не се изненадени од оваа сцена бидејќи се повторува од година во година.
Како што објави „Дубровачки дневник“, ова е проблем што се повторува со години, кога морето носи огромни количини ѓубре, најчесто од Албанија, на хрватските брегови и плажи.
фото: принтскрин

