Македонија
Шилегов: Скопје испраќа дронови за потрага по преживеани во Драч

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, објави дека Град Скопје, како град на хуманитарноста, кон Драч ќе упати специјална екипа опремена со термални дронови за помош при пребарувањето на преживеани под урнатините.
„Правиме сè што е можно за помош во овие трагични моменти“, порача градоначалникот на „Фејсбук“ додавајќи дека на утрешната седница на Советот на Град Скопје, ќе побара да се донесе одлука за доделување помош на настраданите во катастофалниот земјотрес во Aлбанија.
„Имајќи предвид дека за оваа одлука веќе се координирав со советничките групи во Советот, очекувам дека одлуката ќе биде едногласно донесена“, најави Шилегов.
Албанија во раните утрински часови беше погодена од силен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер, кој во земјата е најсилниот во последните три децении. Во портесот загинаа најмалку шест лица, повеќе од 300 се повредени и беа предизвикани големи материјални штети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.