Црна хроника
Пешак и велосипедист тешко повредени во сообраќајни несреќи во Скопје
Велосипедист на возраст од 45 години и 40-годишен пешак се тешко повредени во две сообраќајни несреќи, кои во вечерните часови на 25 ноември се случиле во Скопје.
Како што информираат од МВР, првата незгода се случила на улицата Македонско-косовска бригада кога автомобил „ауди“, управуван од 44-годишен скопјанец, удрил во пешакот У. С., исто така од Скопје.
Пешакот со тешки повреди бил пренесен во градската болница „Свети Наум Охридски“.
Втората сообраќајна незгода се случила во 20 часот на скопската улица Јордан Мијалков. Во неа учествувале автомобил „пежо“, управуван од 39-годишен скопјанец, и 45-годишен велосипедист.
Во судирот, по кој возачот го напуштил местото на настанот, велосипедистот добил тешки повреди и бил пренесен во болница.
Во двата случаја бил извршен полициски увид на местото на настанот и се работи на нивно расчистување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Пукање во Арачиново од возило во движење, повредено едно лице
Попладнево дошло до престрелка во селото Арачиново, Скопско, пришто повредено е едно лице.
Според информациите од МВР, околу во 14.50 часот, во угостителски објект, од возило во движење Ф.М. пукал кон Д.Р., но го погодил С.А..
„На С.А. му е укажана лекарска помош од страна на Итна медицинска помош“, информираат од МВР, од кадешто додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен криумчар, пронајдени седум мигранти
Синоќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, полицијата го приведе 26-годишниот Ф.Ш. од Косово.
При извршен преглед на „голф 7“ со косовски национални ознаки – автомобилот којшто тој го управувал, биле пронајдени седум лица-мигранти, од кои три од Индија, две од Пакистан и по едно од Непал и Бангладеш, информираа од МВР.
Известен бил јавен обвинител, мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар-Табановце и Прифатниот центар за странци-Скопје.
По целосно документирање на случајот, против Ф.Ш. ќе следува пријава.
Топ
Турски државјанин најден починат во хотел во Охрид
Шеесет и тригодишен државјанин на Турција, во текот на вчерашниот ден бил најден починат во хотел во Охрид.
Од СВР Охрид информираат дека пријавата ја добиле вчераутро, а станува збор за лице со иницијали Х.К..
Доктор од итната медицинска помош, констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото, извршија полициски екипи.