Македонија
Театар „Комедија“ и Општина Центар во заедничка акција за помош за соседна Албанија

Од вечерва во фоајето на Театар „Комедија“ ќе бидат поставени кутии за донации за повредените и настраданите во земјотресот во Албанија. Во оваа акција, покрај вработените во Театар „Комедија“, се вклучија и Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ.
Средствата ќе бидат уплатени на жиро-сметката на Црвениот крст на РСМ, која е отворена за помош на настраданите во Република Албанија.
Жиро сметка: 300000001327966
Кутиите ќе бидат во фоајето до крајот на оваа седмица. Упатуваме апел да помогне кој колку може.
Сочувствуваме со граѓаните на Драч, Тирана и цела Албанија!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.