Македонија
Марш за чист воздух во Скопје
																								
												
												
											Со почеток од 17 часот пред Министерството за животна средина ќе се одржи еколошки протест – марш за чист воздух во организација на „Петоци за иднината Скопје“.
Претходните денови во организацијата на маршот се приклучија сите најголеми еколошки движења во Македонија: „О2 иницијатива“, „Скопје смог аларм“, „Не биди ѓубре“, „Го сакам Водно“, „Движење за чист воздух“, „Екогерила“, „Билка“, „Битола сака чист воздух“ и многу други. Ова претставува историско обединување на зелените движења кај нас зад заедничка кауза, која е сумирана во хаштагот #ЗеленаРеволуција, под кој го организираме маршот. #ЗеленаРеволуција за нас значи целосен пресврт во начинот на водењето политика во Македонија, ставање на животната средина на прво место при носењето на сите одлуки и тотална мобилизација на сите општествени ресурси за прочистување и ревитализација на просторот во кој живееме, велат организаторите.
За оваа цел, оваа коалиција предводена од „Петоци за иднината Скопје“ изготви детаљна <a href=”https://www.facebook.com/fridaysforfuturesk/posts/1300855653419625″>листа на барања кон Владата</a>.
Што значи #ЗеленаРеволуција? ✊☑️Значи целосен пресврт во начинот на водењето на политика во Македонија. ☑️Значи…
Posted by Fridays For Future Skopje on Понеделник, 25 ноември 2019
„Повеќето од овие барања не се нови, но сега, конечно, се синтетизирани во сеопфатна програма и првпат имаат рокови за нивно исполнување, кои не им дозволуваат на властите да купуваат време и да наоѓаат изговори како досега.
Ако овие мерки не се остварат до март (кога е крајниот рок за најголемиот дел од нив), како носители на #ЗеленаРеволуција ќе ги повикаме граѓаните на бојкот на претстојните парламентарни избори и граѓанска непослушност. Со оглед на бројката на пријавени учесници на настанот, која очекуваме дополнително да се зголеми во следните денови, овој повик може да има пресуден ефект за исходот на изборите и сè што ќе се случува во следниот период“, се вели во повикот за протест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

