Македонија
(Видео) Арсовски: Сите од СЈО, кои цицале народни пари, да дадат оставки
Сите обвинители и истражителите од СЈО, кои биле дел од злосторничкото здружение и кои цицале народни пари, да си дадат оставки за да не ја попречуваат истрагата за парите што ги цицале од СЈО, а тоа се пари на граѓаните, побара портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Одговорност за украдените милиони евра мора да има. Доколку не си поднесат оставки, јавниот обвинител, кој ја спроведува истрагата, треба да побара тие да бидат суспендирани сè до завршување на истрагата. Јавните обвинители и истражителите што биле дел од злосторничкото здружение и Катица Јанева заедно со нив, многу добро ги знаеле законите и затоа се сомневаме дека свесно влегле во незаконското делење на народните пари и молчеле за огромните додатоци. Имено, законите се јасни. Катица Јанева можела да добива плата во висина од 90 отсто од платата на републичкиот јавен обвинител, а нејзините соработници и таа не смееле да имаат додатоци повисоки од 35 отсто од платата. За жал, гледаме дека милиони евра се делеле без никаков основ и без никакви критериуми, што значи дека сите во СЈО свесно го кршеле законот мислејќи дека никој нема да побара одговорност од нив“, рече тој.
Обвинителството, додаде Арсовски, има обврска да ги замрзне нивните работни места за да не влијаат во текот на истрагата и тоа мора да го стори уште веднаш.
„Злосторничкото здружение наречено СЈО, а составено од блиски луѓе на СДСМ и Заев, кои рекетираа и трошеа наши народни пари на граѓаните, за плати, хонорари и додатоци, потрошило неколку милиони евра. Без никаква основа се делеле хонорари на обвинители, на роднини, на роднините на функционерите вработени од СДСМ во СЈО и на многу други функционери на СДСМ од власта. Платите на обвинителите во СЈО биле многу повисоки од платите на обвинителите во Јавното обвинителство иако, како што рековме, по закон тоа не смее да се случи“, рече Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) СДСМ бега од темата Груби и од борбата против корупцијата, рече Петрушевски
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција оцени дека Социјалдемократскиот сојуз, како што рече, бега од темата Груби, и наместо да го поздрави справувањето со криминалот, нуди приказни за театар и циркус.
„Времето покажува дека на СДС – безрбетна најдобро ѝ оди кога нешто треба да се продава, распродава и да се мести. И тоа е така без разлика дали тоа е местење на тендери или продавање на државата“, изјави Петрушевски.
Тој рече дека партијата наместо да поздрави, како што наведе, „чин на справување со незаконити дејствија, криминал, фаќање на лица кои бегаат или бегале од правдата“, се занимава со други теми.
„Очигледно е зошто го прават тоа, веројатно затоа што во конкретниот случај со Артан Груби не можат ни да се сетат во што се биле заедно вмешани, во какви зделки, коруптивни активности или криминал. Поточно во што се шурувале“, изјави Петрушевски.
Тој додаде дека актуелното раководство на СДСМ, меѓу кои ги спомена Венко Филипче, Оливер Спасовски, Јованка Тренчевска и Јон Фрчкоски, „кажуваат секојдневно некакви приказни“, но дека суштината, според него, е борбата против корупцијата.
„Професионална, координирана активност на надлежните служби за да се фати бегалец од правдата покажува на дело дека сега борбата со корупцијата и криминалот е решителна“, изјави Петрушевски.
Тој нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ клучна е борбата со корупцијата и криминалот и, како што рече, „поставувањето на здрави темели на начелото на владеење на правото“.
Македонија
Кардиологија и Кардиохирургија стануваат еден центар: заштедите од спојувањето ќе одат во опрема и едукација, најави Алиу
Владата на последната седница, која се одржа минатиот вторник(24.02.2026), на предлог на Министерството за здравство, донесе одлука за спојување на Клиниката за кардиологија и Државната клиника за кардиохирургија, со цел обезбедување повисок степен на интегрираност, координација и ефикасност во третманот на пациентите со кардиоваскуларни заболувања, преку рационално искористување на постојните човечки, просторни и технолошки ресурси на двете установи.
„Со донесената одлука за спојување на двете клиники формираме единствен центар на терциерно ниво за кардиоваскуларна медицина, кој овозможува континуитет на дијагностичко-терапевтскиот процес, од превенција и дијагностика, до интервентен и хируршки третман. Преку укинување на административните дупликати и оптимизација на организациската структура, создаваме предуслови за заштеда на средства кои ќе се реинвестираат во унапредување на квалитетот на услугите, модернизација на медицинската опрема и професионална едукација на кадарот“, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.
На овој начин ќе се овозможи подобра искористеност на капацитетите, односно зголемен број интервенции со интеграција на лабораториските, стерилизациските и операционите служби. Пациентите ќе добиваат комплетна кардиолошка и кардиохируршка грижа во рамки на единствена установа, без административни пречки и чекање трансфер, што значи поголема достапност и континуитет на здравствените услуги.
Воедно, спојувањето на клиниките ќе придонесува кон развој во сегментот на едукација и истражување, со креирање обединет академски центар со повеќе можности за обука на специјализанти, супспецијализанти и развој на научни програми.
Македонија
Исчистен просторот кај СЦ „Борис Трајковски“, подигнати 3.500 м³ отпад за 100 дена
Општина Карпош спроведе сериозни активности за уредување на јавните површини. Дивите депонии на повеќе локации се расчистени, а просторот околу Спортскиот центар „Борис Трајковски“ е целосно исчистен. На потегот кај „Скупи 5“ и кон Бардовци се подигнати над 3.500 кубни метри отпад, информираат од општината.
Покрај тоа, од општината велат дека се реализирани повеќе од 50 интервенции на јавното осветлување, спроведена е редовна дератизација и одржување на противпожарната инфраструктура во училиштата и градинките. Исто така, објавен е повик за стерилизација на улични мачки, а во училиштата започнаа активности за производство на компост и намалување на аерозагадувањето.

