Контакт

Вести

Германија протерува функционер на CIA за шпионскиот скандал, САД не коментираат

Објавено пред

Германија од висок американски разузнавач во амбасадата на САД во Берлин побарала да ја напушти земјата, објави во четвртокот портпаролот на германската влада, што се толкува како одговор на двата случаи за наводно шпионирање во полза на САД, додека Белата куќа веднаш потоа одби да го коментира случајот на протерување на шефот на американските разузнавачи во еден од стратешките американски сојузници во Европа.

dobivaj vesti na viber

 

„Барањето е упатено во контекстот на истрагата  на државниот обвинител и прашањата коишто веќе со месеци ги поставуваме во врска со активностите на американските разузнавачки агенции во Германија“, изјавил портпаролот на германската влада Стефен Зајберт, пренесе германската новинска агенција DPA.Британскиот јавен сервис BBC пренесува дека станува збор за службеник на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), додека француската агенција AFP прецизира дека се работи за главниот претставник на американските разузнавачка агенции во Германија. Зајберт го образложи протерувањето на високиот американски разузнавачки функционер со „изостанувањето на соработката“ од страна во Вашингтон во случај на американските агенти последните пет дена разоткриени во Германија.Барањето за напуштање на земјата е досега незабележан акт на дипломатското непријателство меѓу блиските сојузници Германија и САД.„Ги видовме тие информации и немаме никакви коментари за таканаречената разузнавачка афера. Нашите односи во областа на безбедноста и разузнавачките активности со Германија се многу важни и ја осигуруваат безбедноста на Германците и на Американците. Клучно е дека соработката да продолжи во сите сфери и ќе продолжиме да одржуваме контактите со германската влада преку соодветните канали“, изјави портпаролката на американскиот Совет за национална безбедноста на американскиот претседател, Кејтлин Хајден.Минатата седмица беше уапсен 31-годишен германски разузнава кој е осомничен за шпионирање во полза на САД, а германското правосудство потврди дека во средата започнала да истражува нов случај на можно шпионирање за странска земја, ненаведувајќи за која станува збор. Но тамошните медиуми од извори дознаваат дека повторно станува збор за САД, и оти се работи за припадник на разузнавањето на германската армија Бундесверот.Во првиот случај информациите зборуваат за соработник на германската сојузна разузнавачка служба BND осомничен дека работел за хонорар од 25 илјади евра за CIA што ја разгневи германската јавност. Тој за американските разузнавачки служи од крајот на 2012 година украл повеќе од 200 документи, објави Frankfurter Allgemeine am Sontag. Покрај тоа собирал информации и документи за германската парламентарна комисија основана по добивањето на сознанијата за масивното шпионирање на американска Агенција за национална безбедност (NSA) во Германија, вклучително и долгогодишно шпионирање и следење на електронските комуникации на највисоките германски државни и партиски функционери од страна на американската Агенција за национална безбедност (NSA).Претходно во саботата Германија го повика американскиот амбасадор во Берлин, по апсењето лицето за кое се тврди дека шпионирало во полза на САД. Американскиот амбасадор Џон Б. Емерсон беше повикан „во врска со истрагата на сојузниот обвинител“, соопшти Министерството за надворешни работи на Германија. Притоа беше наведено дека од американскиот дипломат „била побарана помош за брзо разјаснување на наведениот случај“.Германската јавност минатата година беше силно разбранувана и вознемирена од сознанијата дека американската Агенција за национална безбедност (NSA) имала целосна контрола над електронските комуникации во Германија, вклучително и на канцеларката Ангела Меркел, но реакцијата на Берлин засега беше ограничена само на дипломатски протести.Американската Агенција за национална безбедност NSA, е осомничена дека ги шпионирала и странските челници на земји или влади, меѓу кои и мобилниот телефон на германската канцеларка, за што кон крајот на октомври 2013 година пишуваа германските медиуми. Der Spiegel на своето интернет издание ланскиот јули објави дека според документите со коишто располага NSA, Меркел се наоѓала на американската листа за прислушување уште од 2002 година, а била на неа и неколку седмици пред посетата на американскиот претседателот Обама на Берлин во јуни во 2013 година.Според извештајот на кој се повикаше Bild am Sonntag, следењето на Меркел било проширено не само на нејзиниот телефон кој го користела за контакт со нејзината партија, туку и нејзиниот владин мобилен телефон. Во NSA ги пресретнувале нејзините повици и пораки, а надвор од дофатот на прислушувањето на американската служба останала само фиксната телефонска линија во кабинетот на канцеларката.Цел на NSA, според Bild am Sonntag, бил и претходникот на Меркел, канцеларот Герхард Шредер. Програмата за прислушување на германските челници започнала во 2002 година во времето на американскиот претседател Џорџ В. Буш помладиот, откако германската влада откажала да учествува во воената кампања во Ирак. Оваа одлука на Берлин, наводно, поттикнало сомневање во Вашингтон во германското сојузништво. Според медиумите, и прислушувањето на Ангела Меркел започнало таа 2002 година, три години пред да стане канцеларка.Како што пишуваше Die Spiegel, во документите што ги поседува, исто така, се говорело и дека покрај NSA и американската Централна разузнавачка агенцијa CIA ги следела комуникациите на владиниот комплекс во Берлин од амбасадата на САД којашто се наоѓа во центарот на германската престолнина. Во зградата на амбасадата биле поставени современи антени со најголеми засилувачи, пишува весникот. Во документот датиран од 2010 година, произлегува дека истата опрема е инсталирана од страна на NSA и CIA во околу 80 градови во светот./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Арсовска со отворено писмо до Михалис Рокас: Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска упати отворено писмо до Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија во Македонија. „Почитуван господин...

Свет2 часа

Трамп остро му одговори на Маск: Без субвенции, би се вратил дома, во Јужна Африка

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно јавно го нападна Илон Маск, тврдејќи дека без владини субвенции, шефот на „Тесла“, „Спејс Екс“...

Свет2 часа

Маск жестоко го нападна законот на Трамп: „Ќе изгубат, дури и ако ми е последно“

По објавувањето на неговото повлекување од политичкиот свет, милијардерот и основач на Тесла, Илон Маск, речиси веднаш се врати во...

Свет3 часа

Трамп потпиша укинување на санкциите против Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се укинуваат санкциите на САД врз Сирија, со што се...

Свет3 часа

Палестинците во Газа протестираа со фотографии од убиени израелски деца

Група Палестинци во Појасот Газа покажаа слики од израелски деца убиени од Хамас на 7 октомври 2023 година, за време...

Македонија14 часа

Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во...

Македонија16 часа

Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за...

Македонија18 часа

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија20 часа

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...

Македонија20 часа

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо...

Македонија21 час

Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид. Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот,...

Македонија21 час

Муртезани: 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции со ЕУ

Пред една година започнавме со јасна цел: да ѝ дадеме нов импулс на европската агенда на земјава. Денес, по 12...

Македонија22 часа

Опасен пожар во близина на границата со Грција: се слуша пукање од муниција, постои опасност од неоткопани гранати

Пожар се шири во близина на границата со Грција. Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот се развива на...

Македонија23 часа

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Навреди и закани помеѓу Драган Павловиќ-Латас и струмичкиот градоначалник од СДСМ, Костдин Костадинов, откога новинарот во јавно излагање на поткаст...

Македонија1 ден

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во Италија

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во реката Пјаве, во близина на Тревизо. Како што јавуваат италијанскитее медиуми, девојчето се...

Регион1 ден

Полицијата во Белград ги отстрани блокадите: оштетено полициско возило, повеќе уапсени

Српското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград во текот на ноќта....

Свет1 ден

(Видео) Маж намерно запалил пожар во Ајдахо, па убил двајца пожарникари: пронајден мртов

Двајца пожарникари беа застрелани и убиени додека се бореа со шумски пожар во северниот дел на Ајдахо, соопшти канцеларијата на...

Европа1 ден

Кремљ: Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од ставот на Киев

„Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од позицијата на Киев, ефикасноста на американското посредништво и ситуацијата...

Македонија1 ден

Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Свет1 ден

Трамп: Иранците не знаеја дека доаѓаме

Американскиот претседател Доналд Трамп не верува дека Иран бил во можност да обезбеди или премести дел од својот збогатен ураниум...