Вести
Русија ги отфрла западните обвинувања и тврди дека Турција го подготвува народот за воени операции во Сирија
Разгорувањето на антируската кампања во Турција е подготовка на турската јавност и народот за интензивирање на своите воени активности во Сирија, објави ноќта кон саботата руското министерство за надворешни работи и истовремено во ОН ги отфрли критиките на Западот кој ја обвинува дека ги саботирала преговорите во Женева најавувајќи нови предлози на следната средба за сирискиот конфликт.
„Имајќи го предвид на забележаниот курс на Анкара во антируската пропаганда не се исклучува дека разгорувањето на медиумската кампања во Турција не е ништо друго туку подготовка на турското население за интензивирањето на своите воени активности на територијата на суверената држава Сирија. Убаво е во сеќавање активноста на турските власт кога прибегнаа кон реториката на ‘туркоманската тема’ пред нападот врз рускиот бомбардер во воздушниот простор на Сирија на 24-ти ноември минатата година“, се наведува во соопштението на руската дипломатијата што го цитира агенцијата РИА.
Истовремено во петокот во Обединетите нации ги отфрли критиките на Западот кој ја обвинува дека со нејзините воздушни удари во Сирија наводно ги саботирале мировните преговори во Женева, и најави нови предлози на следниот меѓународниот состанок за сирискиот конфликт кој ќе се одржи во Минхен..
Амбасадорите на 15-те земји на Советот за безбедност при ОН, посредникот на светската организација Стефан де Мистура и информираше за одлуката за прекинување на индиректите преговори меѓу владата и опозицијата до 25-ти февруари.
Западот ја обвинува Москва дека наводно ги минирала тие разговори со наводно интензивирање на воздушните напади како поткрепа на сириската владина армија во големата офанзива во покраината Алепо. Русија, пак, возвраќа дека западните земји кои ја подржуваат сунитската сириска опозиција исто така извршува воздушни удари и оти во времето додека траеја преговорите со нивните сојузници заговараа копнена операција во Сирија.
„Тоа е невкусно, не е време за контраобвинувања, мораме да ги интензивираме нашите политички напори, предупреди пред средбата рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин.
По консултациите, Чуркин потврди дека Русија немала намери да ги прекине воздушните напади за што ги известила партнерите, кои ги нарече легитимна поддршка на сириската влада против терористите, пренесува AFP.
Чуркин исто така, реле дека Москва ќе изнесе некои нови идеи во Минхен, на состанокот на Меѓународната група за поддршка на Сирија до крајот на февруари, чии членови се САД, Русија и Иран, меѓу другите.
Состанокот во Минхен ќе овозможи проверка на подготвеноста на главните земји вклучени за постигнување на мир во Сирија, изјави Стефан де Мистура во разговорот во петокот за италијанскиот дневен весник La Repubblica.
Мистура вели дека сириската опозиција за преговорите во Женева поставила три услова: прекинување на бомбардирањата, подобар хуманитарен пристап и ослободување на затворениците, како предуслови за учество на преговорите во Женева. „Сите видоа дека насилството на теренот е влошува додека ние ги водиме разговорите, заклучи./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.