Контакт

Вести

САД и Иран се согласуваат дека клучните разлики не се надминати

Објавено пред

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави во неделата дека сé уште постојат значителни разлики меѓу Иран и шесте светски сили во врска со контроверзната нуклеарна програма на Техеран, со што се согласи и главниот ирански преговарач Абаз Аракчи.
 

dobivaj vesti na viber

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави во неделата дека сé уште постојат значителни разлики меѓу Иран и шесте светски сили во врска со контроверзната нуклеарна програма на Техеран, со што се согласи и главниот ирански преговарач Абаз Аракчи.

 

 

„Очигледно е дека постојат сериозни разлики, па мораме да видиме дали можеме да оствариме некаков напредок“, изјави американскиот државен секретар Џон Кери пред разговорите посветени на преговорите за иранската нуклеарна програма, со шефицата на европската дипломатија Катрин Ештон и шефовите на европските дипломатии кои пристигнаа во неделата на преговорите во австриската престолнина Виена.

Во тој контекст е и изјавата на главниот ирански преговарач Абаз Аракчи, кој изјави дека „и натаму останува спорот околу сите главни и важни теми“. „Не можевме да ги намалиме разликите околу главните прашања и прашање е дали можеме“, порача Аракчи.

На состанокот со иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф ќе учествуваат и шефовите на дипломатиите на Велика Британија, Франција и Германија, односно Вилијам Хејг, Лорен Фабиус и Франк-Валтер Штајнмаер. Нивните колеги од Русија и од Кина нема да присуствуваат на средбата во Виена, бидејќи истовремено учествуваат на самитот на земјите членки на групата најбрзорастечки економии – BRICS (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република), но Москва и Пекинг во австриската престолнина испратија високи функционери на нивните дипломатии.

Шефовите на дипломатите на Иран и „шестката“, петте постојани членки на Советот за безбедност при Обединетите нации, САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција плус Германија, се обидуваат до 20-ти јули, договорениот краен датум, да постигнат конечен и сеопфатен договор за намалувањето на иранската нуклеарна програма во замена за укинување на некои меѓународните санкции наметната во прв ред од западните земји врз Техеран.

Преговорите запнаа околу неколку клучни прашања, како што се количеството ураниум кој Иран, според договорот, ќе може да го збогатува, како и капацитетите за негово збогатување и процентот до кој ќе може тоа да го прави.

Капацитетите за збогатување ураниум се централните и најтешки од овие преговори. Иран, откако се согласи на отстапките за збогатување ураниум до 20 отсто што се смета за преоден момент кон изработката на нуклеарно оружје, инсистира на тоа дека мора да ги прошири своите капацитети за збогатување до 5 проценти за неговата планирана мрежа нуклеарни централи за производство електрична енергија. Западните земји преку споменатата ткн група „пет плус еден“ сакаат официјален Техеран да ги намали капацитетите за да не дојде во можност да произведе нуклеарна бомба.

Техеран тврди дека неговата нуклеарна програма има исклучиво цивилни цели, односно за производство на електрична енергија и за медицински истражувања, како и дека нема намера да произведе нуклеарно оружје од што стравува Западот, но истакнува дека негово неприкосновено право како држава е да има нуклеарни постројки.

Во моментов во Иран има повеќе од 19 илјади центрифуги за збогатување ураниум. Главно тоа се постројките IR-1 од постарата генерација, а десетина илјади од нив работата на зголемување на концентрацијата на ураниумовиот фисиски изотоп U-235.

Кога во 2006 година Обединетите нации првпат по инсистирање на Западот воведоа санкции за Иран, само што започна тестирањето на првите неколку стотици центрифуги. Оттогаш Техеран брзо го зголемуваше нивниот број до 24-ти ноември 2013 година кога со преодниот нуклеарен договор меѓу Иран и шесте светски сили тој процес беше сопрен./крај/мф/сн

Извор: Reuters/DPA/AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија49 минути

„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија,...

Регион2 часа

(Видео) Една година од масакрот во училиштето во Белград, беа убиени девет ученици и чуварот

Помина точно една година од трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, кога Коста Кецмановиќ вооружен со пиштолот на татко...

Македонија2 часа

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им...

Свет3 часа

Израелските медиуми ги објавија трите барања на шефот на Хамас за ослободување на заложниците

Лидерот на палестинската исламистичка организација Хамас во Појасот Газа, Јехја ал Синвар, и понатаму има три барања во преговарачката понуда...

Европа3 часа

(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот

Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот...

Свет3 часа

Турција ја прекина целата трговија со Израел

Турција од вчера го прекинува целиот извоз и увоз со Израел, соопшти турското Министерство за трговија, наведувајќи ја како причина...

Македонија15 часа

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април, одлучи Владата

Владата ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на...

Македонија20 часа

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...

Македонија20 часа

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар...

Македонија21 час

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве...

Македонија23 часа

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ,...

Македонија1 ден

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија1 ден

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет1 ден

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...

Свет1 ден

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...

Македонија1 ден

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од...

Свет1 ден

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните...

Свет1 ден

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на...

Свет1 ден

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт...

Македонија2 дена

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....