Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку Уставниот суд создава можност по изборите да биде амнестиран
„Зоран Заев преку Уставниот суд создава можност по поразот на следните предвремени парламентарни избори да биде амнестиран за сите коруптивни афери и зделки познати во јавноста. Уставниот суд ќе создаде пракса, а Пендаровски треба да реализира“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, потписот на Заев врз одлуката на Уставниот суд најдобро се гледа во лицемерството со кое се одредуваат приоритетите на судот. Иницијативи што се однесуваат на испитување на уставноста на многу посуштински закони со години се држат во фиока и не се разгледуваат, а без никакво образложение, по политичка наредба, се дава предност на предмет што се однесува на Законот за помилувањето.
„Оваа одлука на Уставниот суд е јасен показател дека тој, како и преостанатото судство, целосно ѝ се потчинија на волјата на Зоран Заев и на СДСМ, кои моментално се на власт. Дали ова е цената за продажбата на Македонија? Сето она што не се успеа да се исплати преку амнестиите во парламентот сега треба да биде довршено од Уставниот суд.
ВМРО-ДПМНЕ го повикува Зоран Заев да престане со притисоци врз судската власт и да престане да ја потценува македонската јавност со предлози и теми што треба да го оттргнат вниманието од криминалот и корупцијата што во моментот ја пустошат Македонија“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес студено утро, преку ден сончево со мала облачност
Времето денеска наутро ќе биде ведро и многу студено, а преку ден ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени Целзиусови.
И во Скопје студено време во утринските часови, а преку денот сончево со мала облачност и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Македонија
СДСМ избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денес ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Со тоа ќе стане извесно кој се’ ќе ги носи клучните одлуки во опозициската партија која в година повторно ќе треба да се соочи со гласачите на локалните избори
Социјалдемократите известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.
Македонија
Лашкоска: Обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес ја посети Гевгелија каде заедно со градоначалникот, Андон Сарамандов, се приклучија на акцијата за масовно пошумување и подигање на јавната свест „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“ во рамките на која на месноста Топлик, Гевгелија се засадуваа 6000 дрвни насади.
„Министерството за животна средина ги поддржува активностите за пошумување во државата бидејќи тие се значаен ресурс од повеќе аспекти – заштита на биодивезитетот, подобрување на квалитетот на воздухот, климатските промени, заштита од ерозија и свлечишта и се важен економски ресурс“ изјави Лашкоска на настанот потенцирајќи дека обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво особено во услови кога сме соочени со многу високи летни температури и со сериозно опожарување на шумите на територијата на целата држава.
Таа упати честитки и благодарност до градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов и општина Гевгелија за одлично реализираната акција.
Во рамките на посетата на општина Гевгелија, заменик министерката Лашкоска и градоначлникот Сарамадов направија увид во реализацијата на проектот за намалување на загуби на вода со замена и инсталација на водомери заедно со инсталација и конфигурација на опрема со далечинско отчитување. Проектот го имплементира ЈКПД Комуналец Гевгелија, а е финансиски поддржан од страна на МЖСПП со средства во висина од 5 милиони денари.