Свет
Донецката Народна Република ја утврди државната граница
Парламентот на самопрогласената Донецка Народна Република усвои закон за државната граница со кој се утврдени границите на ДНР во донецката област, соопшти претседателот на Народниот совет, Владимир Бидјовка.
Документот е разгледан на пленарното заседание на парламенот.
„Со овој закон не се заобиколени луѓето што живеат на територијата што е под привремена контрола на Украина. Границата е утврдена на територијата на донецката област. Законот предвидува дека границата ќе се наоѓа на линијата на разгранучување сè додека не се реши ситуацијата меѓу Украина и Донецката Народна Република“, рече Бидјовка.
Тој истакна дека законот не е во спротивност со Минскиот договор, а ќе стапи во сила кога ќе биде потпишан од шефот на ДНР, Денис Пушилин.
Во април 2014 година украинските власти поведоа воена операција против Луганската и Донецката Народна Република, кои прогласија независност по државниот удар во Украина во февруари 2014 година.
Според последните податоци од ОН, речиси 13.000 луѓе загинале во текот на судирите. Контакт-групата за решавање на овој судир од септември 2014 година усвои три документи што ги регулираат чекорите за решавање на ситуацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Венс ги отфрли шпекулациите за соперништво со Рубио
Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс, изјави дека не го гледа државниот секретар на САД, Марко Рубио, како соперник, и покрај шпекулациите за можно соперништво пред претседателските избори во 2028 година, објави „The Hill“.
Во интервју за „Fox News“, Венс рече дека ниту тој ниту Рубио немаат „право“ на претседателската функција и дека ќе разговара за идните претседателски планови со американскиот претседател Доналд Трамп дури по среднорочните избори следната година, односно меѓуизборите за Конгресот.
„Ќе направиме сè што можеме за да ги добиеме меѓуизборите, а потоа, после тоа, ќе седнам со претседателот на Соединетите Американски Држави и ќе разговарам со него за тоа“, рече Венс, нагласувајќи дека во моментов е фокусиран на „сегашноста“ и работата на администрацијата.
Фото: принтскрин
Свет
Се урна хеликоптер во Италија, пилотот загина
Хеликоптер, кој полетал од Асти, се срушил доцна утрово, помеѓу општините Касалромано и Изола Доварезе, во покраините Мантуа и Кремона.
Според пожарникарите, во авионот бил само 56-годишен пилот, кој починал при падот. Тој бил исфрлен на неколку метри од местото каде што паднал хеликоптерот.
Еден земјоделец забележал што се случило и го вклучил алармот.
Безбедносните мерки и техничките прегледи на подрачјето се во тек. Надлежните органи ги истражуваат причините.
Во времето на несреќата, подрачјето било покриено со густа магла, што можело да придонесе за несреќата.
Фото: принтскрин
Регион
Албанија го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ
Во понеделник, Албанија ќе го отвори последниот, шести кластер во преговорите со ЕУ.
На седмиот состанок на конференцијата за пристапување на Албанија во ЕУ, ќе биде отворен кластерот 5, кој се однесува на ресурсите, земјоделството и кохезијата.
Тој кластер се состои од поглавја 11 (земјоделство и рурален развој), 12 (безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика), 13 (рибарство и аквакултура), 22 (регионална политика и координација на структурни инструменти) и 33 (финансиски и буџетски одредби), објави Брисел.
Албанија, која доби статус на кандидат за членство во 2014 година, го отвори првиот кластер во преговорите (основни) со ЕУ во октомври минатата година, што значи дека ги отвори сите кластери за околу една година.
Албанскиот премиер Еди Рама го опиша отворањето на последниот кластер во преговорите како „рекордно достигнување“.
Тој исто така рече дека ништо нема да го спречи патот на Албанија кон членство во ЕУ во 2030 година и дека целта на владата е да го заврши процесот на преговори до 2027 година, објави „albaniandailynews.com“.
Амбициите на Тирана се поткрепени од фактот дека италијанскиот премиер Џорџа Мелони ги поддржа плановите на Албанија за пристапување кон ЕУ вчера на прес-конференцијата по првиот самит Италија-Албанија во Рим.
Мелони објави дека ќе се стреми политичките преговори со Албанија за пристапување кон Унијата да започнат во првите шест месеци од 2028 година, кога Италија ќе претседава со ЕУ, објави „Политико“.
Фото: принтскрин

