Спорт
Славија Прага побара извинување од Лукаку
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/lukaku-20-e1572393201167.jpg)
Славија Прага побараа напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку да им се извини откако тој изјави дека „цел стадион“ се однесувал расистички кон него во мечот од Лигата на шампионите.
Лукаку постигна еден и асистираше на уште еден гол при 3:1 победата во Прага во средата, по што изјави дека целиот стадион му извикувал расистички навреди и побара од УЕФА да го казни чешкиот тим.
„Целосно ги отфрламе тврдењата дека цел стадион извикуваше расистички пароли. Но, ги разгледавме достапните снимки и ништо не ги поддржува изјавите на Лукаку. Како што ние се извинивме за однесувањето на индивидуалци, би било пристојно Лукаку да се извини на нашиот клуб“, вели Лукаку.
Овој случај е само уште еден во низата на расистички скандали со Лукаку, откако во септември тој беше вербално нападнат од навивачите на Каљари во меч од Серија А.
Naprosto odmítáme, že by došlo k rasově motivovanému skandování celého stadionu. Znovu jsme analyzovali dostupné záběry a nic Lukakovo vyjádření nepotvrzuje. Stejně jako jsme se omluvili za chování jedinců, bylo by vhodné, aby se i Lukaku za svá slova omluvil. https://t.co/HTMRDYonQW
— SK Slavia Praha (@slaviaofficial) November 29, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Вирц ќе го продолжи договорот со Баер
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/2148016736.0.jpg)
Фудбалерот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц ќе го продолжи договорот со клубот, дознава германскиот весник „Билд“.
Вирц веќе извесно време е во преговори со Баер за продолжување на соработката.
Актуелниот договор на играчот за врска истекува во летото во 2027 година. Според „Билд“, новиот новиот договор ќе биде продолжен за уште 12 месеци, а Вирц ќе заработува преку 10 милиони евра годишно наместо досегашните осум милиони.
Во договорот на германскиот репрезентативец ќе има и откупна клаузула вредна 125 милиони, која ќе важи од летото 2026 година.
Неколку богати клубови изразија интерес за 21-годишниот фудбалер.
Манчестер сити е најсериозен во обидите да го ангажира Вирц, сидејќи е извесно дека Кевин Де Брујн ќе го напушти „Етихад“ кога ќе му истече договорот на лето.
Вирц е најважниот играч на Баер оваа сезона. Тој е плејмејкер, но веќе постигна 15 гола и забележа 12 асистенции во сите натпреварувања.
Баер Леверкузен е на второто место на табелата во Бундеслигата со 46 бодови, додека Баерн е лидер со 54.
Спорт
Швајцарска доминација во екипна комбинација во Залбах
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12815356.jpg)
Швајцарските скијачи ги освоија сите медали во екипна комбинација на Светското првенство во Залбах, Австрија.
Најбрзи беа Франц фон Алмен и Лоик Мајер.
Во новото натпреварување во екипна комбинација, едниот скијач скија во спуст, а другиот слалом, нивните резултати се собираат.
Фон Алмен и Мејар го освоија златниот медал со време од 2:42,38 минути. Сребрениот медал го освоија Алексис Мони и Тангуј Неф, кои водеа по првото возење со заостанување од 0,27 секунди.
Бронзата им припадна на Стефан Рожентан и Марк Роша со 0,43 секунди заостанување.
Швајцарците доминираат на Светското првенство во Залбах, Марк Одермат го освои златото во супер-Џи и Фон Алмен во спуст.
Спорт
Еурофарм Пелистер ќе учествува во премиерното издание во младинската Лига на шампиони
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/images-2.jpg)
Според моделот на младинската Лига на шампиони на УЕФА и Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе воведе натпреварување за тимови до 18 години. Натпреварувањето ЕХФ го нарече „EHF Youth Club Competition“. Во премиерното издание ќе учествува и Еурофарм Пелистер. Битолчани ќе учествуваат на турнирот во Букурешт, а противници ќе им бидат Динамо, Кјелце и Висла.
Премиерното издание ќе се игра турнирски, а завршниот турнир ќе биде во Келн.
Ќе учествуваат 16 екипи поделени во четири групи од по четири екипи. Победниците на турнирите ќе се пласираат на фајналфорот во Келн.
Турнирите ќе се одржат во Барселона, Букурешт, Веспрем и Берлин:
Турнир во Барселона: Барселона, ПСЖ, Нант, Спортинг
Турнир во Веспрем: Веспрем, Загреб, Сегед, Војводина
Турнир во Берлин: Фуксе Берлин, Магдебург, ГОГ, Савехоф
Турнир Букурешт: Динамо Букурешт, Кјелце, Висла Плоцк, Еурофарм Пелистер
Вкупно, 13 од 16. клубови кои имаат тимови во сениорската Лига на шампиони учествуваат во ова ново натпреварување до 18 години.
Алборг, Фредериција и Колштад не се дел од турнирот, а нивните места ги заземаа ГОГ, Војводина и Савехоф.
ЕХФ се надева дека новото клупско натпреварување, младинската Лига на шампиони, дополнително ќе помогне во развојот на ракометот.