Црна хроника
Двегодишно момченце си ја застрела мајка си во супермаркет

Двегодишно момченце случајно си ја застрела мајката која почина на самото место во супермаркет од познатиот трговски синџир „Walmart“ во гратчето со 13 илјади жители Хајден во американската сојузна држава Ајдахо.
Според локалната телевизија KREM2, 29-годишната жена пазарувала со своите четири деца, кога двегодишникот го извадил од нејзината чанта пиштолот и случајно ја застрелал. Жената од повредите починала на самото место.
По трагедијата супермаркетот е привремено затворен, а на местото на несреќата работата полициските истражни органи. Засега нема информации во кој дел од телото биле зададени смртоносните повреди.
Од друга страна, шерифот на округот Кутенеј изјавил дека се’ уште не е јасно дали навистина куршумот го истрелал двегодишникот. Полицијата, исто така, засега не дава информации каков тип оружје бил во чантата на несреќната жена, пренесува Associated Press.
Случајните смртоносни инциденти со огенено оружје во кои извршители или жртви се неколкугодишни деца во САД и не се рети, така во мај годинава четиригодишно момченце од градот Вичита во државата Канзас, со огнено оружје го застрелало неговото 19-месечно братче.
Несреќата се случила кога двете момчиња и едно тригодишно девојче си играле сами во соба, додека во друга просторија во куќата биле нивните татко и чичко. Четиригодишното момче отворило фиока во која се наоѓале пиштоли. Иако не го подигнало оружјето од фиоката, момчето го повлекло чкрапалото и го погодило во гради 19-месечното братче кое стоело во негова близина.
Претходно во април тригодишно девојче од пушка го застрелало своето една година помало братче во американското гратче Колеџ Ворд, во сојузната држава Јута. Според полицискиот извештај девојченцето ја нашла пушката на таткото во домот и ја вперила кон братчето. Куршумот го погодило детето во стомакот, кое веднаш било пренесено во болница, но за жал, лекарите не успеале да го спасат.
Како што засега ѝ е познато на полицијата, кога девојчето се добрала до пушката таа не била наполнета. Како на детенцето му пошло од рака да го премести патронот од магацинот во цевката останува нејасно. Според полицијата, во времето на несреќата родителите биле во домот, но без надзор ги оставиле децата само неколку кобни минути.
Медиумите, исто така, потсетуваат дека пред на почетокот од април слична несреќа се случи во Филаделфија, во сојузната држава Пенсилванија, кога двегодишно момченце случајно ја застрела својата 11-годишна сестра, од пиштол што го пронашло во спалната соба на родителите.
Се споменува и случајот од 4-ти април годинава, во градот Савана, во државата Џорџија, кога момченце чија возраст медиумите не успеаја да ја идентификуваат, исто така, случајно ја застрелало својата десетгодишна сестра. Според полициската истрага, девојката побарала од нејзиниот брат да го поддржи оружјето. Момченцето земало да проверува дали пиштолот е полн, и одненадеж истрелал од него. Куршумот ја погодил сестрата по име Тејлор во градите и таа починала пред да пристигне брзата помош. За време на несреќата родителите не биле во домот.
Последниот инцидент во САД во кој од детенце страда од огнено оружје за кој потсетуваат медиумите се одиграл на 9-ти септември 2013 година, во националниот парк Јелоустон, кога загина тригодишно девојченце. Тоа било оставено во шаторот без надзор од родителите кои во природниот резерват дошле на одмор, и почнало да чепка по работите во ранецот на татко си од каде го извадила пиштолот и го притиснала чкрапалото. Девојчето починало од здобиените повреди./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тројца насилници со боксови нападнале полицајци во Скопје

Тројца насилници со боксови нападнале полицајци во Скопје кои извршувале службени работи по дојава дека има вооружени лица со автоматски пушки.
Според информациите од Обвинителството, тројцата напаѓачи, заедно со уште едно дете против кое ќе се води соодветна постапка согласно Законот за правда за децата, на 5 август во вечерните часови, на улицата “Босна и Херцеговина” нападнале тројца полициски службеници.
Полицајците постапувале по дојава дека на наведената локација има вооружени лица со автоматски пушки. Се обиделе да ги легитимираат осомничените, но тие одбиле и физички ги нападнале полицајците, удирајќи ги со боксови. Полициските службеници успеале да ги совладаат и ги привеле.
Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, предложи на осомничените да им бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист во Струшко

Вчера во 10:40 часот, на регионалниот пат Р2243 во селото Биџево, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ со германски национални ознаки, управуван од И.М.(38) од с.Мислодежда, струшко и велосипед управуван од Р.Т.(79) од с.Биџево, струшко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.
Црна хроника
Неовластено навлегла во електронскиот систем на банката и со туѓа картичка од банкомат подигнала пари

СВР Штип поднесе кривична пријава против Г.Т.(41) од Македонска Каменица.
Таа се сомничи за сторено продолжено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Во периодот од 09.06.2025 до 30.06.2025, пријавената во шест наврати неовластено навлегла во електронски систем на банка и со картичка на лице од село во општина Зрновци, од банкомат во истото село подигнала вкупно 52.000 денари, кои противправно ги присвоила.